16 години земја кандадат за влез во ЕУ, а досегашните несупеси служат за политичко поентирање помеѓу партиите. Македонија сѐ уште чека – овој пат заглавена со бугарска блокада. Што ќе донесе овој декември? Дали добивањето датум или извисувањето пред европската врата ќе предизвика политички земјотрес дома ?

Македонската влада оптимистична за преговорите со Софија, аналитичарите пак реалистични – негативната одлука на Европскиот Совет, ќе има импакт врз внатрешно-политичките случувања во земјата, отворајки терен за уште едни предвремени избори.

– Опозицијата ќе продолжи со пожестоко темпо да бара предвремени избори. Не верувам дека ќе започне некаква иницијатива слична на претходната, каде што преку математички пресметки, сакаше да дојде до ново мнозинство кое ќе формира нова влада, тоа сметам дека не е демократски, од причина што легитимитетот на една влада се добива на парламентарни избори и секакви коалиции кои се прават надвор од тој легитимитет нема да обезбедат стабилна влада. – вели Џелал Незири политички аналитичар.

Незири смета дека големо влијание во одлуките и патеката по која ќе се движи земјата ќе има и мнозинството кое треба да се формира.

Од друга страна пак, новинарот Чомовски анализира дека се потребни реформи на државно , но и на внатрепартиско ниво во СДСМ, а Заев и да не сака, е доведен во ситуација да мора да замине. .

– Рехабилитирање на СДСМ, затоа што на СДСМ сега допрва му недостигаат три главни работи – прво нов лидер, кој ќе ја преземе улогата на менаџер и моќта на Зев да ја елиминира – до начин, да има свој авторитет, второ ќе има потреба да се рефермира идеолошки СДСМ, од една партија За и од олигарси создадени или негувани, мора да се претвори во партија која мора да го слуша гласот на народот многу повеќе одошто тоа го има и негува ВМРО ДПМНЕ која реално е една народна партија. – вели Александар Чомовски новинар.

Извор: 24.мк