Ставот на Пртседателот на Република Бугарија дека ќе ги одблокира позициите на Македонија за отпочнување на преговори за влез во Европското семејство на држави исклучиво доколку Македонија ги прифати ставовите на Бугарија во делот на преговорите, не претставува ништо друго освен монолог, пишува м-р. Стојанче Геровски, адвокат и магистер по меѓународна политика.
Пишува м-р. Стојанче Геровски, адвокат и магистер по меѓународна политика
Тоа самото по себе потврдува дека не станува збор за дијалог помеѓу две страни, туку станува збор за монолог, поставен од страна на Бугарија, а во кој монолог, согласно ставовите на актуелната власт, Македонија е исклучиво слушател на монологот, без никаква можност, ниту било каква реакција да влијае на таквите ставови со свои контра-ставови и постигнување на заедничка спогодба во интерес и на двете страни.
Тоа подразбира дека се оди на тоа да се постигне „спогодба“ која ќе биде исклучиво во интерес само на едната страна, во овој случај исклучиво во интерес на Бугарија.
Од тие причини, а имајки го предвид суверенитетот на Македонската држава, останува единствената опција, предвидена и во самиот Договор за добрососедство, предвидена во членот 13 став 3 од Договорот – раскинување на Договорот и излегување на Македонија од овој процес на „договарање“.
Ова е така од причина што Бугарија е единствената страна во конкретниот случај која ги прекршува правилата на постапување, но ги прекршува и правилата на самиот Договор, предвидени во членот 14 – „Овој Договор, на никаков начин, нема да биде толкуван така што ќе противречи на билатералните и мултилатералните договори, чии страни се Договорните страни“.
Дополнително ова е така од причина што не постои никаков „говор на омраза“ од Македонска страна, како што тоа го толкува Бугарија.
Реакциите кои што доваѓаат од страна на граѓаните на Република Македонија, се токму од позициите кои ги завзема Бугарија, а на кои позиции нема никаква реакција од Македонската политичка елита.
И не само што нема никакви реакции од страна на актуелната власт предводена од СДСМ, но севкупната Македонска јавност можеше да слушне изјави од првиот човек на Владата на Македонија за целосно дискредитирање на партизанското движење во Македонија во текот на втората Светска војна, со целосно негирање на Светската историја, нарекувајки го „администрација“ учеството и влијанието на Бугарија во втората Светска војна.
Тоа самото по себе претставува дискредитирање од причина што станува збор за искривување на Светската историја.
Тоа секако не значи поистоветување на тогашната воена политика на тогашна Бугарија, со сегашната модерна Бугарија, но во услови кога високи Германски функционери и државници имаа доблест и сила да се извинат на неправдите кои ги имаше направено Хитлерова Германија во втората Светска војна, неприфатливо е Македонија да се повлекува пред неразумните барања на Бугарија со преговори и удоволување на несоодветни барања, какви што беа и какви што останаа Барањата на Бугарија:
1. Македонија да испрати допис до Обединетите нации дека кратенката „Северна Македонија“ се однесува само на политичкиот субјект „Република Севрна Македонија“.
2. Македонија да ги повлече своите малцински побарувања кон Бугарија потврдувајки дека нема историски, етнички и други основи за барање статус на малцинство на територијата на Република Бугарија.
3. Македонија да почне процес на рехабилитација на жртвите на Југословенскиот комунизам, репресирани на нејзината територија поради нивната бугарска самосвест.
4. Македонија да ја прилагоди со Бугарија содржината на наставните програми со цел објективно да ја рефлектира заедничката историја поставена во Преамбулата на Договорот за добрососедство.
5. Отстранување на знаците и натписите кои влеваат омраза кон Бугарија и Бугарите.
Ваквите точки не можат и не смеат да бидат предмет на договарање од своевидни реални причини:
– Било какво Барање од Македонската страна кон Обединетите Нации не може да предизвика никаква реакција од телата на Обединетите Нации, од причина што политичкиот субјект со кратенка „Северна Македонија“ е впишана во графата за скратено име на државата, па аналогно на тоа се однесува на државата Македонија, со што дефиницајата е поставена, а тоа е дека станува збор за самостојна и суверена држава, како што е впрочем и уписот на државите во Обединетите Нации, каде што не станува збор за политички субјект, туку станува збор за држава и тука нема ни објаснувања, ниту има образложенија, а најмалку објаснувања кои би требало да ги поставува самата држава Македонија.
– Малцински побарувања кон Бугарија се реалност. Ралноста произлегува од ставот на Европската Комисија која ја задолжи Република Бугарија да го признае Македонското малцинство.
Разговорите на моменталната актуелна власт во Македонија за ова прашање би претставувало целосно прифаќање на стваовите дека нема историја.
Истото би претставувало и прифаќање на ставовите на Бугарската Академија на науките дека не постои Македонски јазик.
– Процес на рехабилитација на жртвите на Југословенскиот комунизам, репресирани на нејзината територија поради нивната бугарска самосвест, би претставувал несоодветен процес, а и невозможен за спроведување, сето тоа од причина што истото би значело враќање некому нешто што му припаѓало, а бил лишен од таквите одземања, но не постои ниту еден сегмент на лишување на права на граѓани во Македонија кои себеси се чувствуваат како Бугари, со ниту еден пример за одземање на права на Бугарите или на оние кои се чувствувале како Бугари.
– Прилагодувањето на содржината на наставните програми со цел објективно рефлектирање на заедничката историја е спротивна на Заедничката декларација помеѓу Македонија и Бугарија од 22 февруари 1999 г, во моменти додека Бугарија сеуште не беше членка на ЕУ, а кои тогаш поставени точки на преговарање се однесуваа на следното:
– „Поаѓаjќи од определбите на двете земjи за интегрирање во европските и евро- атлантските структури“ (ст. 5 од Преамбулата на Заедничката декларација);
– „Веруваjќи дека конструктивниот диjалог во сите области на билатералните односи, како и во однос на регионалните и меѓународните проблеми, ќе придонесе за натамошно унапредување на односите на двете земjи на рамноправна основа“ (ст. 6 од Преамбулата на Заедничката декларација);
– „Почитуваjќи ги принципите на Повелбата на ООН…“ (ст. 7 од Преамбулата на Заедничката декларација),
па ниту една одредба ни приближно не упатува на никаква заедничка историја, но упатува на стремежите на Република Бугарија кон приклучување кон европските и евро-атланските структури, стремежи кои токму сега ги има Македонија, попречувани токму од Бугарија.
Од друга страна, досегашните наставни програми во Република Македонија беа поставени на основа признатата свестка историја, без никакви забелешки од страна на релевантни домашни и меѓународни институции, со што вакви ставови Македонската страна ниту може, ниту смее да ги прифаќа како меѓусебен дијалог.
– Не постојат ниту знаци, ниту натписи кои влеваат омраза кон Бугарија и Бугарите, освен спомен-обележјата на историски личности и настани кои се случиле во одреден период и на точно утврдено место. И повторно, ваквите спомен-обележја на никаков начин не можат да претставуваат знаци или натписи кои влеваат омраза кон Бугарија и Бугарите во услови кога станува збор за историски факти.
Сето тоа потврдува дека „говорот на омраза“, како што тоа го нарекува Бугарската страна, претставува исклучиво одговор на провокациите на Бугарската страна, изразени не од Бугарскиот народ, туку од политички структури на власт, со што „говорот на омраза“ произлегува токму од страна на земја членка на Европската Унија.
Што ќе превземе ЕУ, но и секоја од земјите-членки на ЕУ кон Бугарија, а во насока на спречување на ваквото однесување на земја членка на ЕУ, е прашање кое треба да го реши ЕУ.
Тоа подразбира дека овој проблем што го наметнува Бугарија кон останатите земји-членки на ЕУ, треба да биде решен токму од земјите-членки на ЕУ.
Имено, голем број на европратеници се произнесуваа и се произнесуваат со ставови дека прашањата кои ги поставува Бугарија кон Македонија се измислени прашања, но истовремено претставуваат и билатерални прашања, а кои не можат да имаат влијание кон земја аспирант за влез во Европското семејство на држави.
Тоа е така од причина што е во спротивност со Копенгхашките декларации за прием на земји членки во ЕУ, а усвоени од страна на Европскиот совет, при што усвоени се три главни критериуми што земјите кандидати мора да ги исполнат доколку сакаат да станат членки:
1. Политички критериум – стабилност на институциите кои обезбедуваат демократија, владеење на правото, почитување на човековите и малцинските права и прифаќање на политичките цели на ЕУ.
2. Економски критериум – постоење на ефикасна пазарна економија и способност на пазарните фактори да се справат со конкурентските притисоци и пазарните закони во рамките на ЕУ.
3. Правен критериум – усвојување на целокупното законодавство на ЕУ.
Сето тоа ги потврдува измислените прашања на Бугарија кон Македонија, но и несоодветноста на блокирањето на Македонија кон овој процес.
Тоа самото по себе подразбира активности на земјите-членки на ЕУ кон Бугарија, а кои можат да бидат организирани или поединечни. Во услови да се поединечни, недвосмислено би претставувало билатерален спор помеѓу земја-членка на ЕУ од една страна и Република Бугарија од друга страна.
Во такви услови, кој има билатерален спор?
Заради тоа е потребно прекинување на секакви преговори на Македонија со Бугарија и напуштање на Договорот за добрососедство, ангажирање на дипломатијата на Македонија, како пред Европскиот Совет, така и пред телата на Обединетите Нации, првенствено кон Советот за безбедност на Обединетите Нации, а со тоа и враќање на кредибилитетот на политичарот пред својот Македонски народ, кој говори Македонски јазик, со свој Македонски идентитет, а за кое постапување власта на СДСМ во многу наврати го потврди дека не е ниту спремна, ниту способна да го понесе и да го оствари, целосно спротивно на програмските определби на СДСМ – „…Македонија денес е единствената држава на Западниот Балкан која нема отворени прашања со ниеден од своите соседи“.
Заради тоа, единствено реално решение е напуштање на преговорите со Република Бугарија, напуштање на Договорот за добрососедство, сето тоа преку создавање на нова Влада на Република Македонија, која во целост ќе го сочува Македонскиот интегритет, јазик и нација, која ќе има доблест да го исполни она што ќе го вети пред граѓаните.
м-р. Стојанче Геровски