И покрај помпезните најави за увоз на работници од странство, владата засега нема конкретен план како да ги пополни слободните работни места во стопанството. Тој што сака да работи во Македонија, вратите им се отворени, вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи, вели дека бизнисмените веќе најмуваат работна сила од странство. Властите велат дека нудат можност преку елиминирање на бирократските процедури, за што повеќе странци да работат во Македонија, објави Алсат.

„Тие кои што сметаат дека нашата држава дава подобри услови за живот од нивната држава секако ќе го најдат патот да дојдат во нашата држава, како што нашите сограѓани кои што веруваат дека поквалитетн живот може да се најде во странство. Нема ниту една влада што тоа го регулира. Владата не е овде, и никогаш не била, да некого да носи на грб, ниту да го движи развојот на една земја“, рече Битиќи.

Не треба да се разговара за увоз на работна сила, туку за посериозно зголемување на платите во Македонија. Пресметките на синдикалците се дека во време кога во државата невработеноста е на ниво од 14 отсто, потребни се 11 илјади лица кои ќе ги попоплнат дупките во приватниот сектор и во јавните институции и претпријатија.

„Државата треба да поработи на тие невработени, односно на тие невработени 14 отсто, во вид на обуки, дообуки, да им се понуди можност за вработување и во приватен и во јавен сектор. Да ги искористиме нашите човечки капацитети. Да ги задржиме пред се младите тука а не да увезуваме работници од странство бидејќи губиме сите. Губи државата, губи пензиското губи фондот за здравствено осигурување, губиме ние како синдикати, губи државата“, рече Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ.

Со години бизнисот алармира дека е дефицитарен со квалификуван кадар. Стопанствениците се плашат дека во неколку дејности за брзо време ќе нема кој да работи. Освен висината на платата, македонските работници не се задоволни и од условите во кои работат и меѓу човечкиот однос на релација работодавач – работник. Токму Битиќи напомена дека во Македонија би можеле да дојдат работници кои во своите држави заработуваат околу 200 евра плата.