Најпрво беа замрзнати цените на лебот, млекото, шеќерот и брашното, сончогледово масло за јадење, трајното млеко, месо, а потоа се најави и истото за оризот и јајцата. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја искритикуваа одлуката како ненавремена и потсетија дека тие тоа го барале уште од пролетта оваа година.
Некои експерти во Македонија, како универзитетскиот професор Зоран Ивановски, веќе ја критикуваа одлуката, оценувајќи дека таа нема да има влијание во ублажувањето на ценовниот шок, пренесува Дојче Веле.
И стопанствениците се критични кон владината мерка. Велат дека таа ќе ја продлабочи кризата и наместо поддршка за граѓаните ќе доведе до намалување на производството во компаниите и отпуштање на работници, а притоа граѓаните ќе се соочат со празни рафтови.
Според државниот Завод за статистика, цените на прехранбените производи во Македонија во ноември 2021 пораснале за 4,8% во однос на истиот месец лани, пренесува Дојче Веле.
Репортерот на Дојче веле во вторник го посети маркетот ЛИДЛ за да ги спореди цените на некои основни прехранбени производи во Германија и Македонија, додека Германија нема замрзнување на цените.
Репортер на Дојче веле во вторникот посети маркет на Лидл во Бон, за да споредиме каква е цената на дел од основните производи во Германија- каде нема замрзнување на цените- и Северна Македонија каде тоа се практикува од минатата недела.
Така на пример, сончогледово масло во овој дисконт во Германија чини 1,39 евра. Истото во Македонија ќе го најдете од 89 денари- близу 1,5 евра- па нагоре. Пченичното брашно во Бон можете да го купите за 45 центи, во Македонија за 40 денари или околу 20 евроценти поскапо. Кристален шеќер во Лидл чини 79 центи, во македонските дисконти може да се најде поевтино- за 40 денари. Млекото со 3,5 отсто масленост во Македонија ќе ве чини најмалку 50 денари, во Германија може да се најде за 80 центи. Ако купувате месо, во Македонија ќе минете нешто поевтино- за килограм свинско ќе платите околу 350 денари, додека во Германија 6,99 евра.
Севкупно гледано, цените на производите се слични, со таа разлика што стандардот на граѓаните во Германија е далеку повисок- барем седумпати од македонскиот.