Пруга Скопје – Белград е приоритет
Белград ќе аплицира за средства од ЕУ за пруга од Ниш во македонската граница, изјави за МТВ српскиот министер Горан Весиќ.
„Ние во моментов работиме на пругата Белград-Ниш, долга 230 километри, а работиме и на делот од 23 километри од пругата Ниш-Брестовац кон Скопје. До крајот на годината го завршуваме и проектот кој е финансиран од ЕУ за делот од нашата пруга од Брестовац до Прешево. Согласно со договорот што го потпишавме со Владата на Северна Македонија, го очекуваме тоа што го предложи, да го проектира и својот дел од Прешево до Скопје. Тоа е една од двете делници на кои Србија сака да работи и кои ги номинира од овој нов План за раст на Западен Балкан. Го чекам вашиот нов министер, Николовски да се сретне со мене“, изјави министерот за градежништво, сообраќај и инфраструктура, Горан Весиќ.
Возот би одел 200 километри на час
Според Весиќ, пругата би имала просечна брзина до 200 километри на час, а годинава желба за поврзување на Белград и Скопје со Солун и Атина изразил грчкиот премиер Јоргос Мицотакис.
„Кога премиерот Мицотакис беше во Белград, имавме средба, а потоа нè известија дека ја реконструираат пругата меѓу Солун и Атина и рекоа дека ќе проектираат, веројатно со средства од ЕУ, 75 километри од пругата од Солун до границата со Северна Македонија“, нагласи Весиќ.
Од кабинетот на Николоски согласни: Потребна е средба за брзата пруга
„Во однос на прашањето за средба, Ве информираме дека очекуваме таа средба да се реализира поскоро и во рамките на таа средба двајцата министри да ги прецизираат деталите околку изградба на брзата пруга“, велат од Министерството за транспорт за „360 степени“.
Познато е дека министерот Александар Николоски веднаш се фати со работа, а целта е Македонија конечно инфраструктурно да зајакне. Нови железници и брзи автопатишта се приотитет на министерот.
Српскиот министер Весиќ во очекување на средба со министерот Николоски за брзата пруга Ниш-Скопје
Важна делница за поврзување
Според Транспортната заедница, пругата Ниш-Скопје е најкратката врска меѓу Азија, Блискиот Исток и остатокот од Централна и другите делови на Европа.
„Ова е еден од проектите кој е приоритетен. И за Северна Македонија, и за Западен Балкан, и за Европската Унија. Но, она што е клучно е реформите и проектите да се случуваат паралелно. Тие се две страни на иста паричка. Проектите без реформи се бескорисни, не се одржливи“, изјави Матеј Закоњшек, директор на Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница-Белград.
Наследена катастрофална ситуација
Колку за илустрација во моментов, со години не сообраќа, нема железничка патничка врска меѓу Скопје и Белград.