Цените на угостителските услуги во јануари се зголемени за 2,4 проценти во споредба со декември лани.

Според податоците објавени од Државниот завод за статистика, зголемување има кај услугите за храна за 3,3 проценти, алкохолни пијалоци за 2,4 проценти, безалкохолни пијалоци за 0,9 проценти и ноќевањата за 0,3 проценти.

Во споредба со јануари лани, забележано е зголемување за 4,2 проценти.