И меѓународната заедница сноси одоговорност за изборите на Курти, чија цел е протервање на Србите, ова е ставот на директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, кој во изјава за Пинк изборите на Косово ги нарече антидемократски и нелегални избори невидени во поновата историја на европската демократија. На изборите излегле вкупно 1.566 Албанци и 13 лица од српска националност.
Властите во Белград тврдат дека на северот на Косово и Метохија живеат 97 отсто српско население, кои со право ги бојкотираа изборите, но Самоопределување и Демократската партија на Косово веќе прогласија победа во четири општини.. Косовска Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан добија нови градоначалници. Факт е ниската излезност само 3,47%, односно дека неколку стотици луѓе донесоа одлука за десетици илјади Срби.
Српскиот претседател Вучиќ беше гласен во осудата на изборите уште пред отворањето на избирачките места, го најави бојкотот и рече дека гласањето ќе резултира со „целосна инвазија“ од албански политичари на северот од Косово.
Тој упати критики кон ЕУ, истакнувајќи дека не треба да се гласа пред формирањето на Заедницата на српските општини – клучна точка во дијалог меѓу Белград и Приштина.
ЕУ го изрази своето разочарување од бојкотот на изборите од страна на Српска листа, која има поддршка од официјален Белград, и порача дека Србите мора да се вратат во институциите на Косово.
Во исто време нацрт-годишниот извештај за Косово, за кого во Комисијата за надворешни работи ќе се гласа задутре, има 305 амандмани од пратениците на Европскиот парламент, а во мај треба да оди на одобрување на пленарната седница на Европскиот парламент.
Европскиот парламент ја поддржува и апликацијата на Косово за членство во Советот на Европа и планот на земјата да биде вклучена во програмата на НАТО Партнерство за мир.