Информацијата на Телма ја потврди стечајниот управник на Топлификација Богољуб Макревски.

На електронското наддвање имало две понуди, но таа на Адора била поповолна и прифатена. Доколку Собранието на доверители ја запечати понудата, Адора ќе стане сопственик на двете топлани Исток и Запад и целиот имот на Топлификација запишан во стечајната маса.