Две години образованието во земјава е сведено на експериментални обиди за изведување на настава. Учениците поминаа една пандемиска учебна година, со доцнење, он лајн настава, проблеми со интернетот и технологијата, па доцнење на стартот на учебната година, пролонгирано второ полугодие, штрајк.
Наместо задолжително, образованието се сведе на волја на многу фактори.
Универзитетската професорка по психологија, д-р Ана Чучкова смета дека учениците многу различно сега го поимаат образованието. Променети се морално-социјалните вредности кон училиштето.
Чучкова смета дека промените кај учениците треба да се разгледуваат по генерации. Прекинот на настава има различно вилјание кај децата во градинките, кај учениците до 10 години а сосема различно влијае кај тинејџерите.
Лидер: Штрајкот на просветните работници го става фокусот на наставниот кадар и нивното покачување на платите. Нивниот штрајк ја “укина“ дејноста образование во училиштата. Деацата се ставени на “почек“ и завсино од исходот од штрајкот зависи и нивното одење на училиште. Што значи сета оваа ситуација за децата? Како влијае врз нив сето ова? Какво влијание има целава состојба врз сфаќањето на образованието врз децата како клучен сегмент од нивниот раст и развој?
-Ако треба да го спојам искуството како психолог и како родител на дете во четврто одделение , навистина е тешко да се остане рамнодушен кон случувањата во образовниот систем.
Проблемот не е единствено да се објасни за влијанието на нередовноста и неквалитетното образование последните неколку години, како општа слика кај децата и младите , туку напротив влијанието од овие случувања треба да се разгледува и анализира генерациски за секоја возраст посебно.Имено, врз децата во предучилишна школска возраст т.е. во градинките нема да се одрази врз менталното здравје на ист начин како кај тинејџеритe. Станува збор за перцепирањето и градењето морални социјални правила во различен развоен стадиум.
Во годините на развој од 6 до 10 години се развива сликата за себе и сликата за околинатата ,т.е. училиштето. Во овој период се создава перцепцијата за важноста и убавината во учењето и создавањето. Во нашиот случај ,овие деца во овие години веќе поминаа од прво до 4 то одделение два различни системи кои всушност беа во развој и недоработени целосно. Се почувствува голема несериозност во online наставата. Оваа генерација не успеа да изгради чувство на одговорност затоа што многу од работите не беа така како што им беше претставено .
Тинејџерите пак, кои што веќе имаат изградено повеќе но не и целосна социјална морална одговорност и се наоѓаат во период на развој, во кој што лутината кон социјалната рамка е во пораст токму во овие години, е сериозно податлива на потикнување на гнев па и манипулирање од девијантни групи. Да внимаваме да не дојде до излевање на агресија по улиците или почести девијантни однесувања воопшто,вели Чучкова.
Професорката не дава поддршка на сегашниот штрајк на СОНК, смета дека причината поради која просветарите се сега на штрајк не треба да е единствена и главна.