Паничното однесување на возрасните за време на криза и тоа како влијание врз однесувањето на децата. Родителите во овој сензитивен период треба да бидат многу внимателни во своите реакции, вели психолгот, д-р Ана Чучкова професор на Факултетот за психологија при МСУ.
Во време на напредна технологија и олеснет пристап до електронските уреди, родителите мора да внимаваат колку време нивните деца поминуваат на социјалните мрежи и какви содржини гледаат.
Чукова апелира на поголема медумска култура при споделување на информациите, од друга страна пак вели дека криењето и разубавувањето на лошите вести повеќе ќе ја зголеми недовербата кај луѓето.
Во ова време на воен кофликт, здравствена, економска, енегретска криза, покачни трошоци за живот, државата е таа која ја има клучната улога и треба да ја зацврсти довербата и да внуши смиреност кај сите, додава Чучкова.
Лидер: Војната во Украина ја промени целата светска политика и економија. Ударни вести на сите светки медиуми, но и на локалните, е токму вооружениот конфликт. Социјаните медиуми се преплавени со фотографии и видеа со вознемирувачка содржина. Како војната во Украина влијае врз децата во Македонија?
-Преплавеноста со информации овие 3 години , нелогичноста на многу од информациите и блиската војна која започна пред неколку дена придонесе за масовното однесување кај народот.
Немањето медиумска култура придонесува за зголемување на недовербата кај граѓаните.
Да не заборавиме дека кризи постоеле и ќе постојат, без разлика дали е вистина или лага информацијата која не плаши, ние деновиве им покажуваме на децата како се справуваме за време на криза . Ние сме пред очите на децата и младите тие од кои што тие учат . Паничното однесување на возрасните и тоа како влијае на децата. И тие се чувствуваат вознемирени и не сигурни.
Лидер: Дали државата може/треба да водеде цензура на содржините, пред се на социјалните мрежи?
-Државата не смее да воведе цензура на медиумите , но мора медиумите да имаат култура на споделување. Криењето и разубавувањето на лошите вести повеќе ќе ја зголеми недовербата кај луѓето.
Лидер: Кои се последиците со кои може да се соочат децата и младите во земјава? Која е превенцијата која можат да ја дадат родителите и наставниот кадар?
-Родителите мора да внимаваат колку часа поминуваат на социјалните мрежи а посебно децата. Родителите мора да ограничат какви содржини гледаат и од каде ќе се информираат.
Државата сега треба да ја зацврсти довербата и да внуши смиреност кај сите , со соодветни совети за купувања, објавувања и штедење, вели психолгот Ана Чучкова за Лидер.