Во услови на глобална криза, предвремени избори само дополнително би ја изложиле државата на трошок. Во моментов, од опозицијата треба да се очекува конструктивна критика, а не дополнително ослабнување на државата, смета универзитетската професорка Ана Чупеска.

Во демократски услови, секој има право да изразува отпор, или незадовоство од актуелните политики, па така, легитимно и легално е да се протестира, но протестите најавени од 18 јуни не се вклопуваат во генерална агенда на Европската Народна Партија, која промовира нови политики на Европскиот десен блок, вели Чупеска.

Според Чупеска единствен начин за излез од повеќеслојната криза е преку упорност, со одговорност, сериозност, со јасен фокус и посветеност да се стигне до стратешките определби на либералната демкратија.

Лидер: Опозицијата најави протести почнувајќи од 18 јуни како одговор на актуелната политичка состојба во земјава и бара предвремени парламентарни избори. Сметате ли дека тоа е начин на отпор и барање промени во време на повеќеслојна криза?

-Во демократски услови, секој има право да изразува отпор, или незадовоство од актуелните политики, па така, легитимно и легално е да се протестира. Но, во случајов, кога е актуелна глобална криза, разумно е да се очекува и конструктивна критика од опозицијата, наместо да се бараат предверемни парламентарни избори. Во вакви услови, предвремени избори само дополнително би ја изложиле на оптоварување и трошок државата. Уште повеќе, инфантилноста на барањата, кои се без конкретен концепт, без јасен став, без предлоги за подобра иднина не гледаме дека би ја подобриле сосојбата.

Лидер: Дали Мицкоски се однесуваше и се однесува проактивно за решавање на актуелните проблеми? Колку опозицијата имаше или пак добар импакт за актуелнава состојба?

-Не можам да увидам конструктивен и прокативен пристап, особено кога станува збор за блокирањето на закони од кои корист треба да имаат сите граѓани. Сметам дека, опозицијата треба да се емаципира во согласност со новите тенденции кои се во тек во рамките на EПП (Европската народна партија), каде се очекуваат сосем нови кадровски политики, замена Туск, и реконструкција на десниот центар и конзервативната политичка платформа во целост. Таа реконструкција пред се во предвид ќе ги земе европските вредности и нулификација на тенденцииите според кои конзервативните партии агрегираат неустручени кадри. ЕПП низ Европа во последно време бележи низа порази (а и ВМРО-ДПМНЕ, исто така), и заради тоа го изгуби влијанието . Токму во тој правец впрочем треба и ВМРО-ДПМНЕ да се еманципира, и да биде во тек со двете клучни цели кои се адресирани од страна на ЕПП, а тие се справување со климатските промени и зајакнување на безбедноста на Европа. Со овие протести, не гледам како ВМРО-ДПМНЕ се вклопува во таа генерална агенда на ЕПП, напротив – се чини дополнително допринесува кон ослабнување на безбедноста. Еманципацијата и осовременувањето на ВМРО-ДПМНЕ , освен што би било придобивка за нив самите, тоа е придобивка и за земјата.

Лидер: Како да да мрднеме од “ статус кво“позицијата во моменти на политичка , енегретска криза, спор со Бугарија, постковид последици и актуелен конфликт во Украина?

-Нема друг начин, освен со упорност , одговорност, сериозност и со јасен фокус и посветеност кон стратешките определби и кон либералната демкратија. Иако, релевантните оценки за статусот на демократијата во земјата се генерално добри, сепак, ние мора и понатаму да работиме напорно за да оствариме субстативна демократија. Нашите задачи се само наши, а и резултатите ќе се мерат според нашите и ничиви други капацитети.
Во врска со спорот со Бугарија, јасна е определбата на сите граѓани дека нема и не треба да дозволиме уцени – и овој тон резолутно е рефлектиран од страна на етсблишментот и тоа е за пофалба, додека во врска актулениот конфликт со Украина – нема простор за било какви шпекулациии или преструктуирања од наша страна со оглед на тоа дека сме полноправна НАТО членка и остануваме со подршка кон украинскиот народ. Тоа е наша цивилизациска должност. Пост-ковид аспектот, опфаќа повеќе димензии, од кои сметам дека од особен интерес на кој треба да му се обрне внимание е оној кој е поврзан со психичкото здравје на луѓето – кои се повеќе бележат пост-трауматски растројства предизвикани од пандемијата, а сега и од кризата. Ми се чини дека на ова треба да се даде една поголема политичка релевантност и да се приоретизира на ниво на конкретни политики.