Песимист дека за седум години Македонија може да стане членка на Европската унија (ЕУ), со став дека интеграциите на сите земји од регионот се во застој, а Унија нема јасен план што ќе прави со себе, а не пак со регинот, поранешниот претседател, Бранко Црвенковски, денеска презентираше план како Западниот Балкан да му помогне на Брисел да дефинира појасна стратегија кон регионот и процесот на неговото интегрирање.

„Тоа е: пристап до заедничкиот пазар и пристап до европските фондови. Најдиректно кажано, иницијативата би се донесувала на овможување на овие две цели. Ова не би било никаква алтернатива или супституција на полноправно членство во ЕУ. Напротив тоа, би бил еден меѓучекор или преодна фаза“, рече Црвенковски.

Црвенковси рече дека ќе му биде мило доколку на политичките фактори во земјава неговата идеа им се види интересна, иако неговата идеа многу наликува на она што веќе го промовира шефот на дипломатијата Бујар Османи – интеграција пред членство, во кое регионот би добил пристап до единствениот европски пазара и структурните и кохезивните фондови на ЕУ пред полноправното членство.

Поранешниот претседател кој ретко се појавува во јавноста денеска на дебата организарана од Советот на амбасадори за процесите кои треба да ја однесат земјава побрзу во ЕУ – Берлинскиот процес и Отворен Балкан, не искажа многу оптимизам како моментално се развиваат работите на тоа поле.

„Според мене, барем во овој момент не постои простор за некакво поголем оптимизам ниту за наредниве неколку години. Европската унија нема јасен и консензуално“, рече Црвениковски.

Поткрепа за таквиот песимизам поранешниот шеф на државата гледа и во Европската политичка заедница, како во моментот и амбинетот на нејзиното формирање, така и од тоа од каде дојде таквата идеа Фанција, најголемиот заговорник за прво реформи на Унијата, па проширување.

Црвенковски промовирајќи ја својата идеја на денешната дебата на Советот на амбасадори, побара, таа- прифатен или не, да не и се става политички печат и да не биде внесувана во дневно-политичките конфронтации.