За да се спречи зависноста од коцкање кај младите, казината и обложувалниците да се оддалечат минимум половина километар од основните и средните училишта, предлага Министерството за финансии.
Ова ќе се направи преку измени на Законот за игри на среќа, во кој сега не се предвидени вакви критериуми.
Исто така, со законот кој вчера помина на Влада, се предвидува и построги услови за добивање на лиценци, но, засега нема објаснување како ќе се спроведе овој Закон и дали ќе важи за постоечките казина и обложувалници.
На оваа владина одлука експресно реагираа од Асоцијациите на приредувачи на игри на среќа и на спортски обложувалници на Македонија, од каде се пожалија дека овие измени би знаечеле гасење на индустријата, отворање на вратите за диви објекти и сивата економија и оставање на преку 10 илјади луѓе без работа.
-Дали под европско знаменце се носи неевропски закон кој го штити монополот на игри на среќа или евентуален дуопол со отварање на втор државен оператор. Денеска сме тука да испратиме порака дека нема мирно да стоиме и да ги оставиме нашите вработени да останат без егзистенција истакнуваме дека оваа стопанска гранка диркетгно или индиркетно примања земаат повеќе од 54 илјади вработени. Предупредуваме дека доколку се стави клуч на врата, обложувањето нема да запре игрчаите ќе бараат алтернатива, обложувањата ќе се префрлат на нелегални локации-Васко Илијевски – Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија за Канал 5.
Сличен предлог-закон за игри на среќа како сегашниот, влезе во собраниска процедура и пред две години, но брзо потоа без образложение беше повлечен.
Иницијативата за дислокација на објектите за игри на среќа почна од Движењето „Антикоцкање“, кои со години и преку протести бараат обложувалниците и казината да бидат надвор од населените места..