Зарем некој верува во Македонија дека службеникот кој таму слика и зема отпечатоци од прст  е тој кој што се запознал со Јован Вукотиќ, Седат Пекер или оној што пере пари за Нандрета, или оној Шпанецот кој што е осуден за трговија со кокаин. Зарем вие мислите дека овие луѓе  се тие кои што се практично носители на оваа афера?, праша денеска лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Седат Пекер беше повеќе од три месеци во Македонија, не е возможно да не знаат официјалните лица во Владата, кога тој шета, руча,  се забавувал со коалициони партнери на Зоран Заев. Јован Вукотиќ три пати полетувал осд скопскиот аеродром , влезен регистриран, самиот тој вели дека на легален начин си го добил пасошот, отидов, дадов отпечаток од прст , ме сликаа и заврши таа работа. Тој не вели дека процедурата била нелегална, едноставно името кое што е таму  не е неговото. Прашајте во Владата дали  ги поништи овие патни исправи, дали  можеби во изминатите денови користејќи ги овие патни исправи уште некој е обезглавен во светот, или е помината некоја банкарска сметка на незаконски начин, дали некој ја поништил важноста на овие пасоши. Поминати се две недели од откривање на аферата , изјави Мицкоски.

Јас ќе продолжат да се борам, против криминалците предводени од Заев и Спасовски и нивните афери, изјави Мицкоски.