Чија цел е отворено и критички да се дискутира улогата и влијанието на доминантните историски и политички наративи и дискурси на Балканот во меѓудржавните односи со акцент на односите помеѓу Република Македонија/Република Северна Македонија и нејзините соседи и особено на македонско-српските односи од 1991 година до денес.

Притоа, како што посочија организаторите, многу е важно во дискусиите и анализите на состојбите да се погледне и местото и улогата на Косово и Албанците во развојот на односите помеѓу двете држави, некогашни југословенски републики.

Дебата е во организација на Институтот за национална историја и Хелсиншкиот одбор за човекови права од Белград и претставува дел од долгогодишниот проект воден од Хелсиншки одбор за човекови права YU-Historija.

На дебатата ќе говорат: Ненад Марковиќ (Скопје), Илбер Хиса (Приштина), Миливој Бешлин (Нови Сад), Момир Самарџиќ (Белград) и Петар Тодоров (Скопје).