Дел од децата со Даунов синдром го загубија додатокот од државата од 6 илјади денари затоа што биле прегледувани од Комисијата за проценка за развојот кај децата со посебни потреби која заклучила дека имаат добра функционалност. Додатокот им е укинат од државата со новиот Правилник донесен од Министерството за труд и социјална работа (МТСП), кој излегол во Службен весник, пренесува Expres.mk.

Родителите низ изјави во медиумите велат дека одбиени за посебен додаток се дел од лицата со Даунов синдром, и тоа најмалите, бидејќи не сакаат да им дијагностицираат степен на попреченост на деца под 6 години, а одбиваат да утврдат комбиниран тип на попреченост. Меѓу одбиените се и некои деца од над 6 години.

Повеќе медиуми веќе објавија сведоштва на родители од кои е евидентно дека МКФ ги одбива за посебен додаток дел од лицата со Даунов синдром, и тоа најмалите, бидејќи не сакаат да им дијагностицираат степен на попреченост на деца под 6 години, а одбиваат да утврдат комбиниран тип на попреченост, одбиени се и некои деца над 6 години.