Ревизорите утврдиле и дека во регистарот на поднесени барања за утврдување на правен статус на изградени објекти, нема податоци за квадратура на објектите кои се предмет на легализација. Побарале Струга да води и електронски регистар, покрај хартиениот. Исто така, во регистарот нема податоци ниту за бројот на барања и објекти за кои е отпочната постапка. Дополнително е наведено дека Стурга нема градежни инспектори. Во градот до лани имало еден испектор, а моментално се двајца.
-При спроведувањето на постапките за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект не се почитуваат законски предвидените рокови за донесување на заклучок за прекин на постапката, урбанистичка согласност за утврдување на правен статус на бесправен објект и решението за утврдување на правен статус на бесправен објект, стои во уште една од забелешките.
Ревизорите со увид во предметите, утврдиле дека има постапки за легализација на бесправни објекти од значење на Републиката, од локално значење, здравствени установи, објекти изградени на земјиште на кое е предвидена таква градба, бесправни објекти во крајбрежен појас, но и куќи. Анализа на предметите направиле ревизорите.
„Од вкупниот број 10.723 примени барања за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти, решени се 3.049 предмети, одбиени 4.040 предмети, во постапка се 2.775 предмети и 859 предмети се со неодреден статус“, стои во извештајот.
Градоначалникот Мерко, немаш сушстествени забелешки на ваквиот ревизорски извештај. Тој им посочил на ревизорите дека сите препораки ќе бидат применети во Струга.