„Просекот на стапката на раст во време на ВМРО-ДПМНЕ 2006-2016 со исклучени две кризи е 4%, стапката на раст на БДП во време на СДСМ до 2019-та година значи во тие години е 2,4%. Буџетскиот дефицит значи повторно во две големи кризи, а можеме да ги збориме и кризите да видиме што значат тие кризи, а што значи оваа криза, буџетскиот дефицит во тој период 2008-2016 година е 2,9%, а без овие сега бројки што ни се случуваат во последниве години кога е СДСМ на власт е 3,6%“, истакна Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во „Студио 10“ на Телевизија 24.
Димитриеска Кочоска додаде дека кога СДСМ е на власт резултатите во економијата за жал се поразителни. Во Македонија економската криза настапи уште и пред војната во Украина.
„Во 2020-та година зошто беше толкава инфлацијата во Македонија? Заради поскапувањето на цената на електричната енергија“, рече таа.
„Успехот на еден економист знаете кој е? Да може да погледне на долг рок. Ајде ако не на долг, барем на среден, да ги види следните три години, а не да гледаме во следниот месец или во следните два месеци“, појасни Димитриеска Кочоска.
Таа додаде дека во 2021 година се случи фијаско во делот на производство на електрична енергија. Помалку од тоа производство Македонија немала никогаш.
„Ајде да се вратиме на 2022 година кога ЕСМ успеа да произведе повеќе во однос на 2021 година. Јагленот увозен успеа да го покрие тоа производство? Или сепак успеаја да направат откривка на јаглен? Ако успеаја да направат поголема откривка значи паѓа во вода оној момент дека немало јаглен. Се поставува прашањето зошто не работеа“, запраша Димитриеска Кочоска.
Димитриеска Кочоска укажа дека во 2022 година се потрошија 230 милиони евра за електрична енергија, односно 197 милиони, а другото беше наменето за топлинска енергија. А, толку чини да се направи нов енергетски објект.
Во текот на емисијата потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска нагласи дека Владата цело време се задолжува за да исплати плати, да купи пенкало, хартија, за нешто што не е продуктивни, ниту ќе создаде раст во државата.
„Ќе ви кажам податоци за леб и жита и растот на цената како одел во текот на 2022 година во однос на просек на 2021 година. Зошто како ваков податок го давам? Ја фиксирам 2021 година и гледам месец по месец што се случувало на цената во однос на таа 2021 година. И вели во јануари пораснале за 8,1%, во февруари 8,7%, веќе во март 14,2% и оди така се до некаде септември односно август 43,4% за да некаде стигнеме во 11-ти месец за да имаме 50,1%. Ова знаете што значи? Секој месец цената расте. А, замрзнување имавме те на цени, па имавме замрзнување на маржи, ништо не постигнавме“, заклучи таа.
Димитриеска Кочоска рече ако Владата нема лесно прифатлива мерка значи дека таа Влада има проблем.