Никола Димитров, поранешен шеф на дипломатијата и министер за надворешни работи во владата на СДСМ, вели дека францускиот предлог нема да го реши македонско-бугарскиот спор.
-Ако ние имаме аргументи ако избоксуваме, убедиме доволно е да се повикаме на самата методологија која што беше француска иницијатива каде има една реченица која вели, никој нема да злоупотребува нерешени билатерални прашања во пристапниот процес. Има расположение меѓу земјите членки, ако македонската страна сака да ги потсети на овие принципи, и да каже ова можеби можеме да го играме, меѓутоа ова не. Ова ќе го сруши целосно и пристапниот процес, ќе го обезличи и ќе не постави на паркинг без крај. Ние треба да знаеме и граѓаните треба да знаат дека вој предлог не го решава македонско бугарскиот спорт. Тоа што Радев вели дека македонските Бугари таму не се малцинство, тоа е рамноправен народ со другите народи, притоа не смее да спомени македонски народ.Тоа што они имаат уште резерва кон македонскиот јазик кажува дека ние се уште имаме спор, бидејќи таму има амбиција да се користи европскиот процес за исполнување на бугарските цели, додаде тој.
Димитров посочи дека прифаќањето на францускиот предлог не значи започнување на формални преговори со Европската унија, односно како што нагласи тој, Република Албанија ќе ги започне преговорите, но Македонија нема да ги започне преговорите, се додека не го смениме Уставот со 2/3 мнозинство, додавајќи дека за ова нема поддршка од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, слушајќи ги изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој децидно отфрла и се спротивставува на отворање на Уставот и внесување на Бугарите во македонскиот устав.
-Второ ние со овој договор не ги ни започнуваме формално преговорите. Албанија ќе ги започне преговорите, но Македонија нема да ги започне преговорите, се додека не го смениме Уставот со 2/3 мнозинство. Ако ги слушаме изјавите на лидерот на опозицијата, нема никаква намера.
Овој предлог што и носи на земјата? Ќе си се паркираме, ама маката ќе биде кај нас, бидејќи веќе сме се согласиле на правила, кои што бугарското барање го прават европски услов, и ќе си чекаме да се собере 2/3 мнозинство во Собрание. Тоа е првиот чекор, потенцираше тој.