Не престануваат скандалите со првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов. Откако вчера пиеше пијачка во Крушево додека луѓето се бореа да ги спасат своите домови, денеска излезе нов скандал. Ангелов во месец февруари со пари од народот платил нешто повеќе од еден милион „услуги за мобилна телефонија“.

Ова е многу контрадикторно бидејќи власта веќе подолг период се „правдаше“ дека немаат пари да ги сервисираат авионите, но затоа пак имаат пари за да платат сметки како оваа.

Во продолжение може да го видите документот каде јасно се гледа потписот на Ангелов и услугата која е извршена.