Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе обезбеди финансиска помош со цел да им помогне на радијата и телевизиите во справувањето со негативните последици.

Донацијата ќе се реализира преку намалување на нивниот надоместок за дозвола за телевизиско или радио емитување за 2022 година, пресметан согласно формулата утврдена во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Ова намалување, имајќи ги предвид финансиските можности на Агенцијата, изнесува 50% од надоместокот за дозволата.

Агенцијата се надева дека оваа донација ќе придонесе за ублажување на последиците од кризата и ќе го олесни работењето на радиодифузерите, односно ќе придонесе за нивно непречено функционирање и наредната година.