-Мојата цел е да исчекорам напред со чист образ и да ја барам вашата поддршка како Кандидат за Градоначалник на Дојран, сите заедно ќе градиме едно ново поглавје, една нова ренесанса овде, во Дојран, рече Дончовски.

Дончовски ги соопшти проектите кои во наредните четири години се приоритет и ќе има обврска да ги реализира:

-Бесплатен оброк за секој ученик од прв до четврто одделение – Учениците ќе добиваат по еден здрав оброк на ден со специјал¬но мени подготвен од нутриционист;

-Во Нов Дојран – проширување на градежната зона – Поради голема побарувачка на плацови и тоа во делот кон основното Училиште „Кочо Рацин” со зона за изградба на семеј¬ни куќи за млади брачни парови со што би ја задржале младата популација во нашата општина;

-Поврзување на Нов Дојран со Стар Дојран со водоводен цевковод, со пречник 250 во должина од 5.5 км. од кои 1км од овие е веќе изгра¬ден во претходниот мандат на ВМРО-ДПМНЕ, од овие сега ништо не се реализираше;

-Во Стар Дојран – Проект за бушење и активирање на бунар во местото Мрдаја кој би бил со капацитет до 20 литри во секунда и неговото поврзување со водоводната мрежа со Стар Дојран со мала прочистителна ста¬ница;

-Во Фурка – изведба на ниско енергетска прочистителна станица и нејзино поврзување со поставените канализациони цевки;

-Во Николиќ со претходна изработка на проект ќе изградиме канализациона мрежа, поврзување на село Николиќ со плажа „Николиќ“ со асфалтиран пат и пешачка патека;

-Во Куртамзали изградба на парк зона со урбана опрема на локалитет со кој би се развил викенд туризмот;

-Професонализација на доброволното противпожарно друштво „Дојран“, негово доекипирање и опремување со едно теренско возило за интервенирање на тешко достапни места. Поради поголема иско¬ристеност истото би се користело за миење на улиците и стазите, а по потреба би се користело и за интервенции со техничка вода;

-Ќе настојуваме во рамките на можностите, да ги решиме долгогодишните прашања на обезбедување на бан¬карска експозитура, постојан лекар и редовна автобуска линија, вклучително и со субвенционирање со општински средства;

-Активирање на индустриската зона Ѓопчели – Притоа 50% од земјиштето ќе биде проектирано за поставување на уреди за производство на еколошка енергија (фотоволтаични колектори), а 50% за мали стопански објекти за лесна зелена и незагадувачка индустрија, со што оваа индустриска зона не би претставувала потенцијална опасност за загадување на езерото;

-Изградба на паркинг во Стар Дојран за најмалку 500 возила, по принципот на јавно-приватно партнерство;

-Изнаоѓање на локација за времена депонија, подоцна претоварен центар за смет за населените места Црничани, Фурка и Николиќ, со што би се намалило загадувањето на почвата, посочи Дончески.

-Ветувам работа и беспоштедна битка за повеќе резултати. Заедно сме силата која ќе донесе про¬мени. Заеднички да создаваме промени, да градиме проекти и да носиме победи. Заедно да создаваме нова иднина за Дојран, истакна Дончовски.