Најголем број од нив докторирале во областа на општествените науки (40.8 отсто), потоа на медицинските науки (27 отсто), хуманистичките науки (13.8 отсто), а останатите докторирале во областа на техничко–технолошките науки, природно-математичките науки и биотехничките науки.

Според податоците на ДЗС, во 2020 година докторска дисертација одбраниле 99 жени, што е 56.9 отсто од вкупниот број лица што докторирале во минатата година.

Од вкупниот број што докторирале, најголем процент (24.1), својата професија ја вршат во образовната дејност.

Звање магистер на науки и специјалист во 2020-та стекнале 1758 лица, од кои 1533 или 87.2 отсто се магистри и 225 или 12.8 отсто се специјалисти. Во споредба со 2019 година, бројот на магистри и специјалисти лани е намален за 8.2 проценти.

Од вкупниот број лица кои стекнале научен степен магистер на науки во 2020, жени се 58.2 отсто.

Најголем број од магистерските трудови (967 или 63 отсто) минатата година биле од областа на општествените науки, 22отсто – од техничко-технолошките науки, а останатите се од областа на хуманистичките, природно-математичките, биотехничките и медицинските науки.