Од таму велат дека дел од вработените и посетителите во Центарот за култура „Кочо Рацин“ реагираат дека станува збор за провокација и за кршење на законите, со оглед на тоа што таблата не е двојазична, односно оние кои не го знаат албанскиот јазик, воопшто не можат да се информираат за што станува збор.

– Од толкава зграда, решија токму во делот на бибилиотеката да го направат овој проект. Се вадеа книги од библиотеката, во кутии и во пакети, за да се донесат овие поставки со албански еднојазични обележја, Во меѓувреме библиотеката дополнително се празни, оти се подготвува простор за галерија посветена на Омер Калеши. Навистина нема потреба да се изнесуваат книгите кои се богатство и да се уништува библиотеката поради вакви работи, особено што во зградата има толку многу простор, вели граѓанин од Кичево кој сакаш да остане анонимен.

Директорот на Центарот за култура, Мазлам Османи, за „А1он“ вели дека станува збор за грешка која ќе биде исправена и дека за истото е надлежна општината.

– Ние имаме договор со општината, да отстапиме дел од библиотеката, еден агол, кој ќе може да се користи. Фактички станува збор за два компјутера кои би се поврзувале со Државниот архив на Албанија и секој кој е заинтересиран за одредени информации од архивот, да може да се приклучи. Јас веднаш реагирав дека таблата треба да биде двојазична и побарав да се смени, па еве ако не ја сменат од општината ниту денеска, им кажав дека ќе ја отстранам. Инаку не станува збор за знамето на Албанија, туку за лого на Државниот архив на Албанија, вели Османи.