ЕК повторно му се обрати на Судот на правдата на ЕУ во врска со судските реформи во Полска, сега во врска со законот што стапи на сила во февруари 2020 година, за кој се смета дека ја нарушува независноста на судиите.
– Комисијата смета дека спорниот закон ја нарушува независноста на судството во Полска и не е во согласност со владеењето на правото во Унијата, изјави европскиот комесар за правда Дидиер Рејндерс.
Извршното тело на ЕУ исто така бара од судот да преземе „привремени мерки“ за суспендирање на одлуките на дисциплинскиот совет на полскиот Врховен суд за укинување на имунитетот на судиите.
– Барањето на Европската комисија упатено до Судот на правдата нема никаква правна основа, а регулирањето на спроведувањето на правдата е исклучиво во национален домен. Ова произлегува директно од Уставот на Полска и договорот на Европската унија. Полските регулативи не се разликуваат од нормите што важат во Европската унија, напиша на Твитер полскиот министер за правда Пјотр Мулер.
Wniosek KE do TSUE nie ma prawnego i faktycznego uzasadnienia. Regulacja obszaru związanego z wymiarem sprawiedliwości należy do wyłącznej domeny krajowej, co wynika wprost z Konstytucji RP i unijnych traktatów. Polskie regulacje nie odbiegają od standardów obwiązujących w UE.
— Piotr Müller (@PiotrMuller) March 31, 2021
Во понеделникот, премиерот Матеуш Моравиецки побара од Уставниот суд да донесе одлука за надмоќта на полскиот устав над законодавството на ЕУ.