Во однос на корупцијата, тој ги наведе Белорусија и Азербејџан како единствени кои се полоши од БиХ.
Тој за Си-Ен-Ен изјави дека контекстот мора да се разбере за да се разбере кризата во БиХ.
– Ако се погледне што се случи во поранешна Југославија, од седум земји, две од нив се членки на Европската унија, четири се членки на НАТО, многумина постигнаа значителен економски успех. Од шесте земји на Западен Балкан, четири напредуваат кон ЕУ. Босна и Херцеговина заостанува, рече Ескобар.
Тој понатаму оцени дека иселувањето на младите од БиХ е десет пати поголемо отколку во Србија, додавајќи дека БиХ е неефикасна во привлекувањето странски инвестиции, дека јавниот сектор учествува со 70 отсто во вкупната економија и дека сето тоа е последица на длабоката корупцијата.
Според него, луѓето не ја напуштаат БиХ затоа што не сакаат да живеат во мултиетничка држава, туку затоа што не можат да се вработат без корупција.
Ескобар оцени дека најголем дел од заканите за Дејтонскиот договор доаѓаат од српскиот член на Претседателството на БиХ и лидер на СНСД, Милорад Додик, предупредувајќи дека целиот регион ќе страда доколку напорите за решавање на кризата во Босна и Херцеговина не вродат со плод.
Тој оцени дека САД соработуваат со ЕУ за земјите од Западен Балкан да имаат перспектива за членство во Унијата, додавајќи дека во тоа успеваат Србија, Црна Гора и Северна Македонија.
Ескобар изјави дека САД и ЕУ работат на спречување на нападите на Додик врз државните институции, кои ги нарече „напади во срцето на Дејтон“.
Како друга цел тој го посочи враќањето на српските политички претставници во државните институции на БиХ. Тој додаде дека измените на Изборниот закон и делумните уставни измени имаат за цел да се постигне пофункционална држава на БиХ.
Коментирајќи го инсистирањето на Германија дека оние кои ја загрозуваат стабилноста на БиХ мора да бидат санкционирани, Ескобар рече дека покрај санкциите, треба да се разгледаат и финансиските мерки против оние кои работат против Дејтон.