– Северна Македонија го смени името, имплементираше огромни реформи и мислам дека треба да бидеме многу претпазливи со сигналите што ги испраќаме, коментира министерот.

Бугарија во моментов ги блокира пристапните преговори со Македонија врз основа на она што Софија го смета за антибугарска политика од страна на Скопје и се обидува да ја украде бугарската историја.

Бидејќи Македонија и Албанија се третираат како група од страна на Комисијата на ЕУ во нивната агенда за пристапување во ЕУ, Албанија беше индиректно погодена од бугарското вето. Ставањето на Албанија на посебна патека барем не би ја казнило непотребно оваа земја, анализира Еурактив.

Различни австриски европратеници од различни партии исто така го критикуваа чекорот за раздвојување на Скопје од Тирана. Шефот на делегацијата на СПО во Европскиот парламент, Андреас Шидер, ја отфрли идејата и изјави дека „Вархеји делува многу несмасно“ и дека „националистичкиот интерес како тој на Бугарија не смее да ја загрози заедничката европска перспектива за регионот“.

Во слична насока, конзервативниот европратеник Кристијан Сагарц од ОВП се спротивстави на раздвојувањето на двете балкански земји, додека Томас Вајц од партијата на Зелените го нарече предлогот на Вархеји „неконструктивен“. Тој наместо тоа ја повика Европската комисија да изврши притисок врз Бугарија да го укине сегашното вето за отворање на пристапните преговори со Македонија.

Бугарија во моментов е во политичка криза откако пропаднаа обидите за формирање влада по изборите на 4 април. Претседателот Румен Радев треба да назначи привремен кабинет денеска. Сепак, не се очекува промена на политиката кон Скопје.

Според извори на Еурактив, некои земји од ЕУ сметаат дека Албанија сè уште не е подготвена за пристапни преговори и сметаат дека бугарското вето против Македонија е корисен блок за процесот што оди напред.

Во меѓувреме, хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман смета дека ЕУ треба да ја зајакне својата вклученост во Западен Балкан и да работи на покохерентен и стратешки одговор со што ќе инвестира во стабилноста и безбедноста на Европа како целина.

– ЕУ треба да ги отвори пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, но треба да одговори и на други предизвици во регионот, како што се реформите и наследството од војната во Србија, визната либерализација со Косово, итн, рече Грлиќ Радман пред дискусијата во понеделникот со министрите на ЕУ на тема Западен Балкан што се одржа во Брисел.