Стручна комисија потврди сериозни грешки во третманот

14-месечно бебе од Гошинце почина поради сериозни стручни и системски пропусти, утврдени од Комисијата за стручен надзор на Министерството за здравство. Лекарите од Детската клиника не ја процениле правилно тежината на состојбата, што доведе до фатални последици по животот на бебето. Девојчето било донесено по втор пат на 3 октомври, но не било хоспитализирано, и покрај сериозните симптоми. Утредента, во болницата „Козле“, немало респиратор за да му се укаже соодветна помош на девојчето. До крајот на тој ден, бебето било префрлено назад на Детската клиника, каде починало набргу по приемот.

Недоволна проценка и недостаток на медицинска опрема

Според извештајот, на Детската клиника, лекарите не ја процениле правилно ситуацијата кога бебето било донесено на вториот преглед на 3 октомври. Наместо итна хоспитализација, девојчето било пуштено дома. Оваа клучна грешка доведе до влошување на здравствената состојба на детето.

Следниот ден, девојчето било однесено во болницата „Козле“, каде што имало сериозни респираторни потешкотии. Меѓутоа, болницата немала соодветна опрема – респиратор, потребен за да се табилизира состојбата на девојчето. Одложувањето на организирањето медицински транспорт до Детската клиника дополнително придонесе за губење драгоцено време, што се покажало како фатално за животот на детето.

Стручни и системски пропусти во здравството

Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека во случајот се забележани не само стручни и технички пропусти, туку и системски недостатоци. Еден од најголемите проблеми, според него, е непостоењето на протоколи и алгоритми за правилна тријажа на пациенти при прием во здравствените установи. Овие недостатоци оставија трајни последици врз третманот на девојчето и предизвикаа смрт на бебето.

Таравари истакна дека извештајот на Комисијата ќе биде испратен до директорите на Детската клиника и болницата „Козле“, како и до Етичката комисија при Лекарската комора за утврдување на одговорност.

Се надевам дека извештајот ќе биде разгледан сериозно и ќ се преземат соодветни мерки,“ изјави министерот, потенцирајќи ја важноста на спречување вакви трагедии во иднина.

Детални препораки за одговорност

Извештајот на Комисијата за стручен надзор содржи и препораки за одговорност во врска со овој случај. Според извештајот, треба да се разгледа дали лекарите кои го третирале девојчето ги следеле потребните медицински процедури и дали имало пропусти во проценката на тежината на состојбата. Исто така, Комисијата повикува на ревизија на системските процедури и протоколите во болниците, со цел да се осигури дека вакви ситуации нема да се повторуваат.

Неутврдени неправилности во случајот со родилката од Куманово

Додека траеше истрагата за случајот со девојчето, друга стручна комисија го разгледуваше случајот со 31-годишната родилка од Куманово, која почина за време на породување во кумановската болница минатиот месец. Според извештајот, не биле утврдени неправилности при третманот на бременоста или при породувањето.