Годинава, посочи, помина програмата, одобрени се близу 500 специјализации, стотина супспецијализации исто така ќе се пуштат и тоа е процес на едукација, а со пензионирањето секогаш се губи експерт кој со години работел во полето и затоа работиме на измена на Законот за здравствена заштита што ќе овозможи флексибилност.
– Во еден дел Законот веќе го спомнавме – пензионираните лекари може да работат како консултанти, тие не може да имаат факсимил, но може да бидат со договор ангажирани во болницата, да служат исто како и во сите други земји и во Европа и во САД. Драгоцено е нивното искуство и преносот на знаење и верувам дека ќе сакаат да се ангажираат со цел да ги едуцираат помладите, а на активно вработените со оваа нова измена на Законот да им овозможиме флексибилност да после завршувањето на работното време да може и да работат и да дежураат во другите јавно здравствени установи. Прво, да заработат дополнително, а второ да се приближи здравствената услуга до граѓаните таму каде што во нивните јавно здравствени установи нема специјалисти од таа специјалност, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање во врска со недостигот од супспецијалисти во Клиничката болница во Битола и доктори поради заминување во пензија.
Посочи дека многу детали се во прашање, затоа не брзаат со поднесувањето на законот.
– Ќе отвориме и јавна дебата. Сакаме да го продискутираме и со другите политички партии во Собранието, има начелна согласност, сите се волни да партиципираат во овој процес, со коморите, со синдикатите. Засега нема некој кој негативно се изразил во однос на ова промена. Меѓутоа, мора добро да се смисли, ова е имплементирање на новини во нашиот систем некаква комбинација од тоа што е систем во САД и Велика Британија за тоа како функционираат лекарите со цел да живеат, и да работат и да заработат од тоа во кое што цел живот инвестирале, зошто докторот после работното време да има кафеана или да гради зграда, а да не може да биде доктор. Тоа сакаме да го смениме, додаде Филипче.