„Посетата е силен сигнал за потребата од дејствување и исполнување на европското верување: почеток на преговорите. Исчекор ни е повеќе од потребен за да ја вратиме вербата и надежта на младите луѓе во европската идеја и перспективата за европски начин на живот дома“, напиша Димитров на социјалните мрежи по пристигнувањето на фон дер Лајен.