На „Фејсбук стори“ Буњаку прикачи слика која веднаш беше реобјавена од вицепремиерот во владата на Заев, Артан Груби.

И ова не е првпат функционери на ДУИ јавно да се фалат како ги прекршуваат протоколите, бидејќи пред само неколку месеци тие организираа роденденска прослава во просториите на Министерството за политички систем на чие чело е токму Груби, на која беа присутни дваесетина лица.

Останува да видиме дали надлежните ќе излезат со некаква реакција, осуда или пак ќе ги казнат оние кои ги кршат законите и протоколите.