Додека во земјава се одигруваат сцени во кои река народ бара спас и решение за сопствениот живот и сопственото здравје заминувајќи по вакциналните пунктови во соседна земја, министерот за здравство, Венко Филипче придружуван од премиерот Зоран Заев возат мотори.

Двајцата функционери наместо да бидат во првата борбена линија против ковид заразата, во време кога земјава се соочува со трет бран на болеста, тие удобно сместени во нивните мотори возат низ патиштата.

 

Ова не е прв пат министерот за здравство, Венко Филипче, да го поминува со премиерот Зоран Заев. Министерот и премиерот на почетокот на годинава беа критикувани од страна на јавноста бидејќи иако најави дека првите денови од новата година ќе ги помине дома во пиџами, премиерот Заев одлучи заедно со Филипче и нивните синови да возат мотори на Беласица.