280 војници заминуваат за Германија
Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска беше одбележано заминувањето на 280 војници заминуваат за Германија, опремени со формациска опрема, вооружување и воена техника. Меѓу нив се и новите лесни оклопни возила JLTV, кои ќе се користат на големата сојузничка вежба „Saber Junction“.
Министерот за одбрана Владо Мисајловски истакна дека ова претставува историски чекор за Армијата. За прв пат се испраќа формација од ваков состав – зајакната чета со сите елементи на маневар, борбена поддршка и самоодржливост.
– На македонските војници им порачав да бидат горди што ја носат униформата и што ја претставуваат Македонија пред сојузниците. Убеден сум дека ќе покажат врвна професионалност и висок квалитет, нагласи Мисајловски.
Тој додаде дека сите финансиски средства за учеството на вежбата се обезбедени од одбранбениот буџет.
– Нашите војници ќе ја носат Македонија во срцето и ќе ја претставуваат со достоинство. Да бидеме сите горди на нив, затоа што тие се нашиот штит и нашата сила, порача министерот.