По неуспешното тестирање на четвртиот реактор во нуклеарната централа, во областа на тогашниот Советски сојуз, облаците радиоактивни материјали од Чернобил се проширија во Европа во најголемата нуклеарна катастрофа на светот.
Архивите покажуваат дека имало зрачење и во 1982. година, кое потоа било покриено со „мерки за спречување на паника и провокативни гласини“, според извештајот на тогашната тајна служба на КГБ, објави во понеделникот украинската тајна служба SBU.
Додале дека имало итни случаи во нуклеарната централа и во 1984. година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Siberba (@siberba)

Се знаело дека е многу опасно
Така, „во 1983 година, советското раководство во Москва било известено дека нуклеарната централа во Чернобил е една од најопасните во Советскиот сојуз поради недостаток на опрема за безбедност“, според SBU.
Кога еден француски новинар собра примероци вода и почва од областа Чернобил по несреќата во 1987. година, КГБ ги замеле овие примероци со други во специјална операција, соопштило SBU, повикувајќи се на друг извештај исто така изработен од КГБ.
Веднаш по експлозијата, од акутно зрачење загинале 31. работник и пожарникар. ИУште илјадници луѓе им подлегнале на болести како што е рак предизвикан од зрачење, иако вкупниот број на смртни случаи и жртви на долгорочни болести поврзани со зрачење е предмет на расправа.
Невладината организација „Гринпис“ во 2006. година проценила дека во несреќата загинале 100.000 луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Burak Kan (@gurukafa)

Нуклеарната електрана во Чернобил продолжи да произведува електрична енергија до декември 2000. година, кога, под притисок на Западот, беше затворен нејзиниот последен реактор.