Сите верници го слават денот на Христосовото воскресение, славејќи го здравјето, среќата, спокојот во семејството на свој начин.

Во Франција, по традиционалната миса се оди во потрага по скриените јајца во градините, семејството се собира за печено јагне на празничната трпеза, а за утредента, односно првиот ден од Велигден се планира празничен излет. Во југозападниот дел на Франција, на овој ден се подготвува џиновски омлет.

Во Италија, овој празник се слави со коломбо колач, во облик на гулаб, кој е симбол на добрите вести. Сличен е и Велигденскиот колач кој се нарекува мона, а се пече во Шпанија, каде често се ставаат и јајца во површината на колачот. Во текот на светата Недела, Шпанците се облекуваат во бело, на улиците прават различни претстави и поворки, кои ги подготвуваат со месеци претходно.

Во Англија, често се оди од куќа на куќа барајќи слатки, што е обичај и за Ноќта на Вештерките. Исто така, на празничната трпеза, наместо јагнешко се служи шунка. Притоа, се организираат различни игри за децата и возрасните.

Во Финска, децата се маскираат во старици или вештерки, чукаат на вратите на соседите и добиваат бонбони и чоколади. Таа традиција се нарекува Велигденски вештици и потекнува од древните легенди. Ваквата традиција била дел и од Шведска, но пред 100 години.

Во Швајцарија, во очи на празникот се накитуваат изворите и фонтаните, со што се оддава чест на водата, која претставува симбол на обновување на животот. Во Полска, пријателите на Велики понеделник се полеваат со вода едни со други за да ги исперат гревовите.