– Училиште во кое што ќе направиме напори во наредната учебна година да воведеме целодневна настава и целодневен престој на нашите најмали дечиња, затоа што тоа е едно најглавните приоритети на нашето население, нашите сограѓани, кое што ги ветивме во изборната кампања. И сега од наредната учебна година ќе можеме и да го овозможиме истото. Исто така од наредната учебна година овдека во ова основно училиште ќе направиме и сензорна соба за дечињата со попреченост што е новитет кој што досега го немало во нашата општина и во нашите основни училишта. Се надеваме дека на тој начин и за најмладите ќе им искочиме во пресрет особено родителите кои што ете исто така се ставени во една одредена позиција во нашата општина. Сега ќе имаат можност и тие дечиња за еден правилен развој и нивно интегрирање во заедницата, истакна тој.