Потсетува дека во јануари годинава, на пример, човекот тврдеше дека придавката „македонски“ е идентитетска и дека нема ограничување за нејзината примена. Сега, како што пишува Героски, опоменат од Атина за банална работа, тој јавно изјави дека згрешил што ја употребил придавката „македонска“, именувајќи ја нашата фудбалска репрезентација.

Кога излажа Заев, во јануари или сега? Или и тогаш и сега?

Али Ахмети пред два дена ни кажа дека Заев подготвува промена на химната, на грбот и на знамето.

Заев „демантираше“ дека разговарал со Ахмети за таа работа.

Внимавајте ваму: не ни кажа човекот дали – додека дише, нели – ќе се фати за химната, за грбот или за знамето. Само вели дека не разговарал со Ахмети за таа работа.

Он со нас се мајтапи? Нè есапи за будали?, пишува Героски.

Јас мислам дека Ахмети не нѐ излажа, додава тој, и дека Заев навистина планира да ја жртвува химната, а богами ќе се потруди да ги смени и грбот и знамето.

Од каде го знам тоа?

Од Бујар Османи, на пример, Заевиот министер за надворешни работи.

Османи јавно тврди дека химната не била „инклузивен елемент во државата“ и дека „голем дел од граѓаните не се гледаат внатре, не се споменуваат“.

Бујар Османи, се разбира, е фин дечко, ама во случајов греши. Да речеме, од незнаење. Централниот наратив во нашата химна е поврзан со Крушевската република, а таа е најинклузивниот државотворен обид на овие простори во првата половина на 20 век. Како што некој веќе прецизно напиша, Македонците во химната не се спомнуваат како етноним, туку како демоним.

Но, причината поради која Заев сака да ја менува химната е многу попрозаична и нема врска со Бујаровата теорија за „неинклузивноста“. Проста е работата – на Софија ѝ пречи што во нашата химна се спомнуваат Гоце, Питу, Даме, Сандански и Македонците воопшто, во било какво својство. Бидејќи според софиските политици, сичките ние сме Б’лгари, пишува Героски.

Целата колумна на „Плусинфо