Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски и секретарот на Град Скопје Ѓоко Велковски присуствуваат во посета на Република Словенија.

При посетата градоначалниците Стефковски и Георгиевски присуствуваа на меѓународен настан на кој ги презентираат инвестициските потенцијали со кои располагаат двете општини.

Покрај инвестициските потенцијали, градоначалниците на своите колеги од Словенија им ги презентираа и проектите финансирани од меѓународни фондови кои во изминатите години се реализирани во општините Гази Баба и Илинден.

Покрај присуството на настанот, градоначалниците ќе склучат и Меморандум за соработка помеѓу општините Иванчева Горица, Гросупље, Гази Баба и Илинден.

Заедничката соработка помеѓу општините ќе се однесува на размена на искуства за реализација на проекти од меѓународни фондови кој во иднина би се реализирале во областите: комунални услуги и инфраструктура, култура, спорт и образование, туризам, мобилност и енергија, здравје и сигурност.

За посетата, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук.