-Собираме нормални медоносни пчели од пчелар и ги ставаме пчелите во ремени. Веднаш по презентирањето на позитивен примерок, ние исто така им презентираме шеќерна вода. И, она што го прават пчелите е да го издолжат пробосцисот за да земат шеќерна вода, објасни лидерот на проектот Вим ван дер Поел, професор по вирусологија.
Пробосцисот е всушност јазикот на пчелата кој личи на сламка за пиење. Според истражувачите во моментот кога тренираните пчели го детектираат вирусит тие го покажуваат позитивниот резултат со тоа што го издолжуваат пробосцисот.
Добивањето резултати по тестирањето за ковид-19 обично трае со часови, а пчелите веднаш откриваат заразени примероци. Овој метод е исто така евтин, па затоа може да се користи во земји каде што тестовите се ретки.
Но, Дирк де Граф, професор кој студира пчели и други инсекти на Универзитетот во Гент во Белгија, верува дека оваа техника нема да ги замени конвенционалните форми на испитување на ковид-19 во блиска иднина.
-Добра е идејата, но повеќе сакам да извршувам тестови со класични дијагностички алатки наместо со пчели. Јас сум голем обожавател на пчели, но повеќе би ги користел за други цели отколку за откривање на ковид-19, рече тој.
Техниката што ја користеле инсектите за да најдат соединенија со мирис, била користена од Министерството за одбрана на САД во 90-тите години за да пронајде експлозиви и токсини, забележа Де Граф.
Молци, пчели и оси биле користени „за безбедносни цели, за откривање експлозив, но и за медицинска дијагностика“.
Досега се знае премногу малку за методот од универзитетот Вагенинген за да се зборува за неговата ефикасност, појасни професорот.