Јавното обвинителство треба да преземе итни и конкретни акции за расчистување на прекршувањата и злоупотребите, порача денеска Драган Ковачки. Тој посочи дека некои случаи досега морале да резултираат со обвинение и предупреди дека нема простор за застарување на предметите.

– „После денешната посета, тоа што може да го заклучам е дека јавното обвинителство треба да се ‘издига на клоци’. Мора да се расчисти со филм-мејкерите на чело со нивните наредбодавци. Холивуд може вода да носи!“, изјави Ковачки.

Тој додаде дека не смее да има ниту јавно објавување на предметите како „забава за народ“, ниту пак да се користи класифицираноста како изговор за застарување на случаите. Поради природата на состојбите, Ковачки нагласи дека нема да дава дополнителни детали.