Посветеноста на САД кон НАТО повторно доведена во прашање. Вашингтон нема да им помага на земјите кои не трошат доволно за сопствената одбрана-изјави Трамп, посочувајќи дека членките треба да издвојуваат најмалку 5 насто од БДП-то.

„Ако не платат, нема да ги бранамМојот најголем проблем со НАТО е тоа што ако САД имаат проблем и ја повикаме Франција или други земји и речеме „имаме проблем“, дали мислите дека ќе дојдат да ни помогнат? Не сум сигурен“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Враќањето на Трамп на чело на Белата куќа и сигнализираше на  Европа дека самата е одговорна за својата безбедност. За првпат по Втората светска војна и создавањето на Унијата, европските лидери на самитот во Брисел се обединија во поддршката за зајакнувањето на одбранбените капацитети. Сите 27 земји членки согласни да го преземат товарот на свои раменици. Првиот столб од новиот план за трошење вклучува 150 милијарди евра заеми за земјите од ЕУ.

„Денес се пишува историјата. Излегуваме од овој Европски совет многу решени да ја обезбедиме безбедноста на Европа и да дејствуваме со обемот, брзината и решителноста што ги бара оваа ситуација“, изјави Урсула фон дер Лајен претседателка на Европската комисија.

Инвестициите ќе се однесуваат на приоритетните области дефинирани од Европската агенција за одбрана, како одраз на научените лекции од војната во Украина и целосно расчистување со НАТО-додаде претседателот на Европскиот совет.

„Потоа ќе мобилизираме дополнителни јавни и приватни средства за нашата одбрана. Ќе создадеме нов европски инструмент, до 150 милијарди евра за поддршка на земјите-членки во зајакнувањето на одбранбените капацитети кои се итно потребни“, изјави Антонио Кошта, претседател на Европскиот совет.

Ова се одлуки кои означуваат чекор кон акција-истакна Макрон.

„Со заемот, земјите-членки ќе имаат пристап до средства по најдобри пазарни стапки за опрема на краток рок, веднаш. Пофлексибилен пакт за стабилност и раст ќе ги ослободи одбранбените инвестиции на национално ниво за земјите-членки“, изјави Емануел Макрон, претседател на Франција.

Европските лидери сепак не постигнаа консензус за Украина. Поради Унгарија предлозите не станаа официјален заклучок, туку документ на ЕУ-силно поддржан од 26-те земји членки.

Следната недела во Ријад се очекува нова средба. На повидок е конечен мир во Украина. Сепак, останува енигма иднината на НАТО.