Радио Лидер
  • Македонија
  • Економија
  • Хроника
  • Скопје
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Подкаст
Слушај во живо Слушај
  • Македонија
  • Економија
  • Хроника
  • Скопје
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Подкаст

ИНТЕРВЈУ СО ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ: Го сопревме урбаното дивеење со максимум четири станови во индивидуалните згради!

И
Скопје 23.04.2023. 15:02
ИНТЕРВЈУ СО ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ: Го сопревме урбаното дивеење со максимум четири станови во индивидуалните згради!

Претворањето на куќи во мини-згради е тренд низ Скопје, но во ридските населби во подножјето на Водно, како Црниче и Пржино, се оди чекор подалеку. Инвеститори ги пријавуваат улиците над нивните парцели како почетни коти, па теренот им овозможува да изградат уште еден до два ката надолу, како „подрумски“ простории. Практично „приземјето“ на „куќата“ е всушност прв или втор кат. Со цел тоа да не се случува, а на барање на жителите на овие населби, општина Кисела Вода го ограничи бројот на станови по објект, на максимум четири. Дали одлуката се спроведува, како и до каде е меѓународниот конкурс за урбанизација на Расадник, но и на други теми поразговаравме со градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кој воедно е и претседател на ЗЕЛС

– Во општина Кисела Вода, од април 2022 година, на сила е одлуката дека на местата каде што градежното земјиште е наменето за индивидуално домување, максималниот број станбени единици е четири. Пред одлуката, инвеститорите беа многу послободни во дефинирањето на поимот индивидуална куќа, а локалните власти отворени за нивните слободни толкувања. Како се спроведува оваа одлука во пракса?

– На барање на најголем број од граѓаните не само во Пржино, Црниче, туку и во други населени места каде во минатото се случуваше урбанистичко дивеење и оневозможување на хумано живеење, каде што инвеститори добиваа одобренија за градба на А1 дозволи и намена (дваесет, односно триесетина имаше во одредени места) и тоа сериозно претставуваше оптоварување на инфраструктурата, и подземна и надземна, проблем создаваше со паркирање и се уништуваа цели населби. Најпрактичен пример за тоа беa Црниче и Пржино каде што тоа се случуваше.

Она што ние се обврзавме пред изборите да го направиме и останавме доследни на тоа е да направиме ограничување на бројот на станбени единици во А1 намената – да биде четири станбени единици максимум, а колку што и законот тоа го дозволува. Тоа беше прифатено од страна на координаторите на советничките групи во прва фаза. Подоцна во втора фаза кога беше гласањето, за жал, сегашната опозиција на локално ниво – СДСМ не го поддржа тоа, додека сите други политички партии во советот го поддржаа и гласаа за истото. Практично беше спроведено автентично толкување со одлука на Совет, каде што направивме ограничување на бројот на станбени единици  да не може никој да добие одобрение за градба  со повеќе од 4 станбени единици и тоа сега функционира така.

Сите граѓани се задоволни од овој процес што го спроведовме бидејќи тоа беше нивно барање. Моја обврска беше да го испорачам тоа што сум го ветил. Имам апсолутна поддршка од граѓаните таму во таа моја борба заедно со нив. Но, се појавува личниот интерес на одредени градежни компании и кои имаат желба, како во минатото што правеле со купување на некоја трошна куќа или помал објект да заработат големи средства. Имам информација дека една или две градежни компании ја обжалуваат одлуката пред Уставен суд, но верувам дека уставните судии ќе покажат разумност во овој процес. Сите кои сме државни функционери земаме плата од тие граѓани и треба да се бориме за застапување на интересите на граѓаните , а не за застапување на интересите на поединци, како што е случајов со тие што обжалуваат пред Уставен суд. Мислам дека каква и да биде одлуката на Уставниот суд, а верувам дека ќе биде разумна, мене нема да ме поколеба и попречи во намерите она што сум се обврзал пред граѓаните до крајот на мојот мандат да го спроведувам во пракса. Така што не планирам отстапки во тој дел ниту пак, било кој од моите соработници. Одиме до крај со она што сме се обврзале да го реализираме и времето ќе покаже дали ќе останеме доследни на тоа.

– Што бараат градежните фирми пред Уставен суд?

– Тие бараат да се поништи оваа одлука и да можат и понатаму да дивеат и на улички со 3 метри ширина да можат да никнат пет згради во кои треба да се вселат 20, 30 или 50 семејства, па ќе треба уште 100 возила да донесат на улицата. Тие си го гледаат нивниот личен интерес, но тоа мене не ме интересира. Мене обврска ми е да го штитам интересот на колективот, односно граѓаните. И не отстапувам од тоа.

– Што би се случило доколку Уставен суд ја укине одлуката на општина Кисела Вода. Што би правеле во тој случај?

– Има правни лекови и ќе се бориме, нема да се откажам. Тврдам дека во мојот мандат таму нема да биде издадено одобрение за повеќе од четири станбени единици.

– Што мислите за иницијативата за конфискација на дивоградбите која наиде на нож во јавноста бидејќи добар дел од граѓаните и стручната фела сметаат дека конфискацијата не го решава проблемот, туку дивоградбите треба да се уриваат. Ова особено за објектите што се изградени на исклучително ризични места, како што се падините на Водно, Црниче, Пржино…и каде постои опасност од свлечиштата и се доведуваат во опасност животите на цели семејства. Исто така, постои опасност утре конфискуваниот имот сопственикот на дивоградбата преку друго лице да го откупи од државата за „евтини” пари и од нелегален да му стане легален. Што мислите за ова?

– Иницијативата на Општина Центар не е за класична конфискација на дивоградби туку барање на решенија за дивоградбите кои продолжиле да се градат и покрај  донесувањето на Законот за легализација од 2011 година. Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски јавно ја изнесе на седница на ЗЕЛС, а деталите потоа ги испрати до одделните општини, вклучително и до Општина Кисела Вода, за стручните служби да ја разгледаат и да дадат свое видување.

Моето размислување е дека решението треба да биде во насока на реупотреба на посочените дивоградби, но со вклученост на одредено тело, составено од стручни лица од централните и локалните органи кое ќе врши проценка и ќе одлучува дали објектот може да се користи за нешто, или треба да биде третиран како другите дивоградби, односно да треба да се врати во првобитната состојба. Бидејќи колку што ни е важен развојот на општината, уште поважно ни е осигурувањето на безбедноста на граѓаните.

Исто така, сметам и дека оваа иницијатива треба да биде поттик до централната власт, а тука мислам и на законодавната и извршната, дека мора во соработка со ЗЕЛС да се најде решение за овој повеќедецениски проблем. Непочитување на Законот за рамномерен регионален развој, државниот интервенционизам без никакви критериуми од страна на Владата во поедини општини, нееднаквоста на законските можности на централните даночни власти визави локалните, лошата фискална децентрализација, енормното зголемување на цените за изработка на урбанистички планови одобрени од централната власт, доведува до тоа многу општини да немаат финансиски средства за изработка на урбанистички планови, а тоа значи неможност на граѓаните во легална постапка да дојдат до одобрение за градба. Затоа иницијативата ја гледам и како еден крик до централната власт која ги носи законските решенија да се освести од зимскиот сон.

Како градоначалник и претседател на ЗЕЛС, ги поддржувам сите оние иницијативи кои нудат системско решавање на проблемот со градењето на дивоградби и силувањето на одреден простор. Потребни се детални стручни проверки и анализи за да се осигуриме дека законот ќе биде ефикасен и спроведлив, а безбедносните ризици ќе бидат сведени на нула. Потребни се да се имаат чисти и јасни процедури за спроведување на законот, имплементација на механизми за надзор и контрола, кои ќе ги препознаат и спречат сите облици на корупција и неправилности. Треба да се промовира транспарентност и отвореност во процедурите, така што граѓаните ќе можат да видат како се спроведува законот и да имаат доверба во системот. Велам дека е неопходно системско решение, бидејќи најмалку што е потребно е тоа да создаде дополнителен проблем, каков што посочувате. Тоа би било неприфатливо.

Целото интервју прочитајте го ТУКА.

 


интервјуорце Ѓорѓиевски

Поврзани вести

Македонија

Ѓорѓиевски од Соборниот храм: Без вера и покајание нема вистински мир

12.04.2026. 13:26

Скопје

(ФОТО) Ѓорѓиевски со хуманитарна акција на Велики Четврток: Поделени над 300 оброци за бездомници

09.04.2026. 15:13

Скопје

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Фонтаната „Лотосов цвет“ повторно вратена на скопјани!

08.04.2026. 08:59

Скопје

Ѓорѓиевски: Јавниот превоз се стабилизира, на скопските улици сообраќаат 180 автобуси на ЈСП

07.04.2026. 12:23

Најнови вести

пред 39 мин.

ЕУ со порака дека дипломатијата останува од „суштинско значење“ по неуспехот на преговорите меѓу САД и Иран

пред 2 часа

Трамп се закани со царини од 50 отсто, ова е условот

пред 2 часа

Пеколно лето пред нас: Температури над 40°C, тропски ноќи и ризик од силни бури

пред 2 часа

Радев во силен подем пред изборите: „Прогресивна Бугарија“ убедливо води, економијата клучна тема

пред 3 часа

Избори во Унгарија: Функционер на Фидес го обвини Маѓар дека планира Мајдан револуција во Унгарија

пред 3 часа

(ВИДЕО) МИОВСКИ ДВОЕН СТРЕЛЕЦ ЗА ПОБЕДА НА РЕНЏЕРС: Пресврт за важна победа на патот кон шампионската титула

пред 4 часа

ХОРОР ЗА ВЕЛИГДЕН: Малолетник избодел врсник – сам се пријавил во полиција

Останати вести од Скопје

Скопје

(ФОТО) Ѓорѓиевски со хуманитарна акција на Велики Четврток: Поделени над 300 оброци за бездомници

09.04.2026. 15:13

Скопје

(ФОТО) Љутков: Универзална сала почнува да се гради, предвидено е да заврши до декември 2027 година

08.04.2026. 11:31

Скопје

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Фонтаната „Лотосов цвет“ повторно вратена на скопјани!

08.04.2026. 08:59

Скопје

Ѓорѓиевски: Јавниот превоз се стабилизира, на скопските улици сообраќаат 180 автобуси на ЈСП

07.04.2026. 12:23

Скопје

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Во Градскиот парк се уредуваат пешачките патеки и се обновува урбаната опрема

07.04.2026. 10:35

Скопје

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски покажа како изгледа булевар Македонија по завршената прва фаза

06.04.2026. 15:00

Скопје

КОНЕЧНО СЕ РАСТЕРЕТУВА СООБРАЌАЈОТ ВО СКОПЈЕ: Од септември „Градски воз“ од Зелениково до Скопје, потоа БРТ и 100 нови автобуси

06.04.2026. 10:33

Скопје

Ѓорѓиевски: Првата фаза на булеварот „Македонија“ е завршена, Скопје добива подземна сообраќајница

05.04.2026. 16:03

Подкаст

Подкаст

Подкаст

ВОЈНА И МИР: Пред празнично издание на Утринско еспресо

09.04.2026. 09:03

Подкаст

(ВИДЕО) ПРЕКИН НА ОГНОТ ПРЕД ПРАВОСЛАВЕН ВЕЛИГДЕН – анализа на верските аспекти на војната!

08.04.2026. 09:34

Подкаст

ЕКСКЛУЗИВЕН БРИФИНГ:Ленче Ристеска ќе влегува во политика? – нова националистичка шарена револуција!

07.04.2026. 09:03

Подкаст

ГАЈДОВ АНАЛИЗИРА: Се гледа ли крајот на конфликтот САД-ИРАН?

06.04.2026. 08:52

Подкаст

ЕКСКЛУЗИВНО СО РУБИН ЗЕМОН: Зошто одлучи да се приклучи на ИО на СДСМ?

03.04.2026. 08:49

Подкаст

ПОЧНА ПАДОТ НА КЛАНОТ СЈО: Еве ги деталите!

02.04.2026. 08:41

Подкаст

АНАЛИЗА НА БРОЈКИТЕ: Колку е безбедна власта и има ли простор за нови опции?

01.04.2026. 09:13

Подкаст

ЕКСКЛУЗИВНА АНАЛИЗА: Како глобалната нестабилност ќе се одрази за нас!

31.03.2026. 09:06

Подкаст

ТРЕТО УБИСТВО ОД РАДИКАЛЕН ДЕСНИЧАР: Ќе го препознаеме ли проблемот?

30.03.2026. 08:40
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
  • За General Heralding
  • facebook
  • twitter
  • instagram
  • youtube
  • rss

Copyright © 2021 General Heralding. All rights reserved.