Досега се префрлени 180 милиони евра кон Бехтел и Енка за коридорите 8 и 10д, а што има на терен, скоро ништо. Моментално прават мобилизација на работна сила што не им оди баш добро, се уште ја прецизраат трасата, прават геомеханички активности, а ако геомеханиката не одговара изградбата ќе чини повеќе, рече Синиша Ивановски, претседател на Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа.
Ивановски посочи дека рокот за изградба на коридорите е 5 години и додаде дека ако се гледа праксата како тераат со инфраструктурата 15 години ќе им се малку.
„Бехтел и Енка е сериозна компаија во светски рамки, но на секоја компанија надлежните во државата треба да го отворат патот да може да работи. А што прават надлежните велат за се проблем им е експропријација. Значи и која и да е компанијата ако државата не отвори пат како ќе работат, се е џабе и со одлична компанија ако не и се создадат услови за работа“, рече Ивановски.
Ивановски укажа дека за патот Кичево-Охрид во март следната година ќе биде 10 години од отпочнување со работа, но и тука, додаде тој, но не им отвораат фронт за работа.
„Значи не е до компаниите кои се ангажирани, туку до надлежните кои не создаваат услви за работа на истите. Седум години се на власт и немаат километар автопат завршено“, посочи Ивановски кој спомена дека при примопредавање на власта имало прогрес од нешто повеќе од 50%, а по 6 години сега вкупниот прогрес е околу 60-тина проценти, или реално гледано не е мрднато“, кажа Ивановски.
Говорејќи за патот Кичево – Охрид, Ивановски рече дека за истиот има три главни анекси.
„Првиот е каде го продолжија рокот да биде готов во јуни 2021 година, значи сами си давате рок и го погазувате. Потоа направија уште еден анкес со рок 2023 година во декември. Има уште еден анексго зголемија чинењето за 187 милиони евра и никој во јавноста не праша за што отидоа тие пари, одговор ден денес нема. Благој Бочварски го нема, го видовме сега на коридорите 8 и 10д“, кажа Ивановски.
Според Ивановски неспособноста на власта се пресликува посебно на изградба на инфраструктура.
„На пример булеварот Борис Трајковски кон Драчево, последната фаза се прави 4 години поради експропријација. Мостот кај Ќерамидница таму имаше преку 100 куќи, ама и таму проблем е експропријација. Ако се направил претходно разговор и се договорат со сопствениците на земјата градбата ќе оди лесно. Се знае дека се решаваат прво имотно-правни прашања, во меѓувреме паралелно се прави проект и потоа се гради и се заокружува градбата. За грешките, претходниот градоначалник на Скопје си ја сноси одговорноста, но затоа треба да работи актуелната градоначалничка“, посочи Ивановски.
Говорејќи за улиците низ општините, Ивановски посочи дека, општините сега немаат поддршка од централната власт.
„Градоначалниците во општините се генерално од ВМРО-ДПМНЕ кој е опозициска партија на централно нив на државата и не добиваат од државата помош и затоа имаат низа на пречки. Претходно градоначалниците до 2021 година беа од партија која беше власт на централно ниво тогаш централната власт оддели огромен буџет од седумдесеттина милиони евра за општините што не е лошо, но не вдовме дека нешто е направено“, рече Ивановски.