Во текот на 2021 година, во својство на инвеститор, во атар на село Лисец, пријавениот узурпирал катастарска парцела во државна сопственост и изградил викенд куќа без да поседува соодветна дозвола издадена од надлежен орган.

На 19.06.2021, полициски службеници извршиле контрола и констатирале дека на наведеното место се врши бесправно градење, а по извршени проверки било утврдено дека во 2018 година пријавениот има поднесено барање за добивање правен статус на бесправен изграден објект што не кореспондира со фактичката состојба бидејќи објектот е изграден 2021 година.