Неговиот Фејсбук статус ви го пренесуваме во продолжение:

Ја користат пандемијата да предизвикуваат хаос, дисторзија и рековме, да го рушат системот однатре во оваа опасна пандемија.

Синојка, Заев, од Собраниска говорница рече дека “се’ што има во јавното здравје, има и’ во приватните клиники”. Во приватните клиники единствено можат да се лечат богатите или оние кои можат да зајмат итно многу пари (не можат сите да зајмат пари, можат да зајмат, да речеме, оние што имаат од каде да позајмат). Но, идејата на нашето Јавно здравство, на кое инсистира премиерот, е во тоа што правото на лечење – и спас од корона вирусот – го имаат сите наши граѓани. Што значи Заев најмногу адресира на оние кои се сиромашни, а со тоа и најранливи.

Идеата на нашето Јавно здравство е дека на лечење и спас од вирусот го имаат сите, додека спасот во приватните клиники од вирусот го имаат само богатите. А вирусот, знаеме, во себе има егалитаристичка сила – слободно може да преминува од богати во сиромашни и обратно, од сиромашни во богати.

Имено, кај нас сѐ уште живее уверувањето дека правото на доктор и правото на лек го имаат сите, додека во мнозинството земји на Запад – исклучок е, да речеме, Германија – уверувањето дека право на доктор и право на лек имаат оние што може тоа да го платат. Колку пари, толку здравје! Е, гледате, тоа либерално-капиталистичко начело вирусите не го почитуваат. Тие го имаат тој незгоден егалитаристички обичај слободно да преминуваат од сиромашни на богати и од богати на сиромашни.

Да ви дадам уште еден пример. Ако сакате на приватно да испитате 10 типови на хормони, во нашето јавно здравство ќе не’ чини 800 денари, а на приватно ќе не’ чини 8.000 денари.

Сакам да кажам, баталете го тој хохштаплер Апасиев. Тоа “дете” е произведено во “лабараторија на диктатура”, во политиката влезе за да подрива и руши, од Апасиев не можете да барате свест за решавање на проблеми, неговата глава работи само во кризни времиња: влезе во системот за да руши и подрива. И ништо друго.

Апасиев е “малиот Шешељ” на нашата јавна сцена. И Шешељ беше и се’ уште е против ЕУ, НАТО и политика на мир и пријателство.

Овие луѓе се “воени профитери”, се појавуваат во политиката само во време на кризи и опасни општествени ломови. Думајте што ви велам.