Ова не е психолошка криза, ова е реална криза на живеење, егзестенцијална криза, која страшно влијае врз менталното здравје на луѓето. Криза во која мора да си скртиме од многу работи а од некои работи дури и да се откажеме, бидејќи количината на пари е иста а цените драстично се повисоки.
Незадоволување на потребите ќе доведе до многу незадоволство во животот, вели Претседателката на Комората на Психолози доц.д-р Мирјана Јовановска Стојановска, што понатака преку самообвинување може да предизвика да се развијат рани психосоматски заболувања.
Прво што треба да направиме е да знаеме дека ние сме виновни за ситуацијата. Диазапамот не е решение. Секој мора да најде начин да го намали стресот, да се свртиме кон блиските и саканите да створиме добри односи и да можеме со тоа да ја амортизираме оваа негативна енергија, смета Јовановска .
Лидер: Секојдневниот пораст на цените, вртоглавото поскапување на горивата, порастот на цената не енергенсите ги “измести“ луѓето од колосекот на секојдневното живеење. Како влијае кризата врз менталното здравје на луѓето?
-Секоја криза влијае страшно врз менталното здравје. Ова не е психолошка криза, ова е реална криза на живеење, егзестенцијална криза . Затоа што поскапувањето значи дека ќе имаме помалку можности да ги задоволуваме потребите.
Парите се исти, количината со која месечно располагаме е иста, а цените се покачуваат, тоа значи дека ние ќе мора да скратиме од многу работи а од некои работи дури и да се откажеме. И тоа станува една искрецијална криза која што страшно влијае на менталното здрвје, затоа што почнуваме да го бараме кривецот за сето тоа. Особено кај нас. Луѓето се склони да го свртат тоа и воошто целиот систем кон државата, државниот систем кон народот, луѓето да се чувствуваат виновни дека тоа што е моментално поскапување и или затоа што системот не работи добро, да се самообвинуваат за нештата.Незадоволување на потребите ќе доведе до многу незадоволство во животот . Ќе бидат обвинувани особено мажите како носители на смејството(сега тоа се менува) но сеуште постојат како носители на некој што го обезбедува семејството . Обвинувања од жената од децата од околината, самобвинувања дека не можат да постигнат доволно и на многу други нивоа тоа баш ќе биде едно силно влијание што понатака и може да предизвика да се развијат рани психосоматски заболувања и вистински болести дури.
Лидер: Како луѓето да се справат со овој стрес предизвикан од повеќеслојната криза?
-Прво да знаат дека они не се виновни за тоа. За жал ние живееме во ова време, живееме во оваа држава, државата се грижи за нас еве вака како што се грижи, и дека за тоа ние не сме виновни. Ние сме го направиле нашето. Сме отишле, сме бирале, сме им дале доверба на одредени луѓе, од еда страна и тие мора да се справуваат со оваа глобална криза и со сето она што се случува во Европа и Светот, пандемијата , војната…
Секој мора да најаде некој свој начин да го намли стресот. Некому ќе му биде добро да спортува…сега тоа се тие споредени поддршки кои мора да си ги обезбеди, но ако не можеш да ја смениш ситуацијата, тогаш е подобро да ја прифатиш ситуацијата и да порбуваш некако да ја надминеш.
Тоа е стара поговорка која постои во светот, а бидејќи ние не можеме да влијаеме и да смениме она што ни се случува со постојаните поскапувања, тогаш да гледаме како да преживееме и да бидеме барем добри кон себеси и да го одржуваме своето физичко здравје. Сепак некој оптимум кој може ние да си го одржиме, да си се свртиме кон блиските и саканите да створиме добри односи и да можеме со тоа да ја амортизираме оваа негативна енергија, овој стрес што е предизвикан кај сите нас заради ваквиот начин на функционирање.
Лидер: Кога завршија антикризните мерки на 1 јуни имаше статистика дека само тој ден погигнати се околу 12 000 дози на диазепам во аптеките. Народот посегнува кон дијазепамот. Дали диазапамот е “лек“ за стресот?
-Не само народот што посегнува, туку кога одиш на лекар и кога нешто ќе се пожалиш дека не може да спиеш или ти е било што, тие препишувааат диазепам. Потоа домашните го земаат тој дијазепам кој не им е нив препишан но го користат, овие што го корист пак ќе одат ќе си земат рецепт… Диазапамот не можеш да го земеш без рецепт. Не е народот дека посегнува по дијазепам туку тоа е нешто што е препорачано од нашите доктори и да прашам зошто они препишуваат диазепам?
Зошто ние да бидеме толку високо на таа листа . Диазепамот не лечи. Нема да ја намали кризата, нема да ги намали нашите лоши преживувања. Кога ќе се свртиме кон диазепам ние не градиме соодветни мерки, механизми за да се справиме со кризата, туку се потпираме дека лекот ќе ни направи нешто ќе не опушти, ќе не заспие- што е лошо!
Како и да е диазепамот не ни помага. Особено што некој е научен во подолг временски период како апче и бомбони да ги зема .Се случуваат трагедии во животот кога е “ок“ да земеш, да се смириш, да се симне стресот, но ако ти живееш со години еве како сега 3 години сме во пандемија и криза со поскапување, диазепамот не е решение .