Вечерва сме во Ѓорче Петров, помеѓу својот народ, на завршниот настан од караванот за идеи и предлози. Ќе победиме секаде, а најсилно во Скопје, затоа што ние нудиме работа, а не празни флоскули, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски.

-Ќе победиме силно!

Вечерва сме во Ѓорче Петров, помеѓу својот народ, на завршниот настан од караванот за идеи и предлози.

Со моите драги пријатели и силна поддршка уште од самиот почеток – сегашниот и иден градоначалник Александар Стојкоски и Бојан Стојаноски, заедно со нивниот одличен тим, убеден сум дека тука во Ѓорче ќе оствариме историска победа.

Она што го видов вечерва, масовноста, енергијата и искрената поддршка е најголем доказ дека сме на вистинскиот пат.

Ќе победиме секаде, а најсилно во Скопје, затоа што ние нудиме работа, а не празни флоскули.

Ќе победиме силно, затоа што граѓаните нѐ препознаваат по работа и резултати!

Оваа победа ќе биде победа на народот, на чесноста и на вистинските вредности.

Заедно ќе изградиме Скопје кое ќе биде симбол на развој и гордост.

Секој од нас е дел од оваа приказна, секој од нас е сила за најд