Вчера околу 15:30 часот на местото викано „стража“ се случи трагична сообраќајна несреќа во кој едно лице загина, а петмина беа повредени.

Во сообаќајната несреќа учествуваа три возила, патниот правец по несреќата беше подолго време блокиран, а МВР сообраќајот го пренасочи.

Интересно е што едно од возилата беше управувано од лице кое во тој момент требаше да биде зад затворските решетки, но како што велат од Управата за извршување на санкции, тој за тоа имал дозвола.

-Со одлука на Управата за извршување санкции, лицето Зоран Милески користи 30 дневно отсуство од затвор поради неодложни лекарски прегледи. Определеното време за медицински испитувања е од 08.08 до 08.09, се вели во одговорот од Управата.

Милески казната затвор ја издржува во отвореното одделение во затворот во Струга.

-Тој веќе има издржано повеќе од половина од затворската казна и до 08.09 треба да се врати на доиздржување на затворската казна, се нагласува во официјалниот одговор на Управата.

Зоран Милевски – кичевскиот на јавноста и е познат по случајот „Рекет“, каде заедно со Бојан Јовановски познат како Боки 13, и екс шефицата на СЈО, Катица Јанева беа осудени на ефективни казни затвор поради рекетирање на бизнисменот Орце Камчев.

Доцна синоќа со своја прес-конференција за овој настан излезе и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но со малку поинаква приказна.

Имено според нив вчера на местото на несреќата имнало големо присуство на лица вработени во АНБ или Агенцијата за национална безбедност, попознато како тајната полиција.

-Согласно информации од медиумите и фотографиите кои се најдоа во дел од нив, покажуваат дека Кичеец наместо во затвор се шета на слобода низ улиците на државата. Во сообраќајката која според досегашните информации резултирала со смртни последици за две лице и шест повредени, учествувале три возила, меѓу кои и возилото на Зоран Милески Кичеец. Од фотографите во медиумите јасно се гледа Кичеец е дел од сообраќајната незгода. Кичеец е осуден во предметот Рекет, целата македонска јавност го виде како ги носи рекетираните милиони во Луј Витон ташна. Кичеец е човекот за кој слушнавме и дека го организирал рекетот врз Миодраг Давидовиќ Дака во случајот ШИК Јелак, каде на контроверзниот српски бизнисмен му се земени 300.000 евра според негови зборови кои се слушнаа од снимките пуштени во јавноста. Кичеец омилениот рекетар на власта, денеска е и омилен осуденик, наместо во затвор тој е на слобода. Согласно информациите кои ги поседуваме на местото на настанот биле видени и лица дел од шестата управа, цел ден се вршат притисоци врз лица кои биле сведоци на настанот и медиуми да не изнесуваат информации за сообраќајката. Се вршат притисоци за прикривање ова што се случило денес. Власта треба да одговори на јавноста зошто Кичеец е пуштен на слобода и што бараат лица вработени во АНБ на лице место на настанот? Праша порпаролот на опозициската партија Марија Митева.

Овие тврдења на опозицијата од тој момент малку ги менуваат случувањата, бидејќи јавноста прашува, од кога припадници на АНБ присуствуват на увид на сообраќајна несреќа?

Лидер се обиде да стапи во контакт со директорот на АНБ Виктор Димовски, но тој молчи во однос на овој кривично правен настан.

Кој е Зоран Милевски – кичевскиот? Зошто АНБ го обезбедувала местото на несреќата? Дали АНБ била поради Милевски на местото на несреќата или пак била поради некој од другите учесници? Јавноста бара одговори на овие прашања!