Командант Бреза уапсен во Ченто по 22 години бегство
Хамди Бајрамовски, познат како командант Бреза од село Брест, синоќа бил уапсен во скопската населба Ченто по 22 години бегство. Бајрамовски, со години на листата на најбарани лица со меѓународна потерница, е осуден за тешки кривични дела. „На 02.06.2025 на подрачјето на општина Гази Баба, полициски службеници го лишија од слобода Х.Б. (43) од Скопје. Лицето било барано по неколку потерници за издржување на казни затвор и за други постапки за тешки кривични дела“, соопшти Министерството за внатрешни работи за „Плусинфо“.
Акцијата ја извршиле припадници на Секторот за меѓународна полициска соработка. Бајрамовски е осуден на пет години затвор за разбојништво и шест години за трговија со дрога. Тој се терети и за изнуда, насилство и недозволено оружје. Веднаш бил спроведен во затворот во Шутка.
Во 2005 година, во негов дом биле пронајдени минофрлачи, гранати, униформи, тенковски гранати и над 300.000 куршуми.