Во Здравен дом – Скопје неспособноста и некомпетентноста на медицинскиот директор и економскиот директор (Исијановски и Кока) се покрива со закани, казни и отпуштање од работа и тоа на доктори специјалисти кои што се дефициентни во државата и во здравствениот систем. Само заради тоа што ја сликале погршно напишаната табла и на македонски и на албански, велат од Комисијата за здравство на ВМРО – ДПМНЕ.

-По објавувањето на погрешно напишаната табла, д-р Гроздановски, беше прераспределен на работа од „Букурешт“ во Поликлиниката „Бит Пазар“. Тој и тогаш имаше изјава во која изрази сомнеж дека причината за прераспределувањето е таблата, додека директорот на Здравствениот дом-Скопје, доктор Виктор Исијановски, тогаш изјави дека прераспределбата не е резултат на направената фотографија од несоодветната табла. Ќе пројде мандатот директори, потоа ќе треба да се вратите во фелата и во системот. Само да ве потсетиме.